Петтата рунда од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам која викендов се возеше на патеката Моторспорт Романиа во близината на Букурешт беше одлична за тројцата претставници од Македонија.
Петтата рунда од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам која викендов се возеше на патеката Моторспорт Романиа во близината на Букурешт беше одлична за тројцата претставници од Македонија.
Иако во саботата за време на квалификациите временските услови не беа добри, во неделата за време на трките сончевото време ги пратеше сите сесии. Во класата SP125 се возеше одлична трка во која нај возбудлив дуел за публиката беше за третата позиција помеѓу нашите Христијан Бузалковски и Аргетим Рамадани.
Во конкуренција на 8 возачи нашите претставници беа блиску и до втората позиција но сепак искусната Ленкова Жулиета од Бугарија на крајот направи разлика поголема од една секунда, а борбата за третата позиција им остана на нашите натпреварувачи. На крајот Бузалковски излезе како по умешен, во фото финишот тој помина низ целната рамнина пред Рамадани и со тоа се искачи на пиедесталот со пехарот за третото место.
Во нивната класа победник беше Милен Георгиев од Бугарија, а по освоените бодови во Романија, Бузалковски сега има предност од 2 бода пред Рамадани во генералниот пласман.
Во класата F1000 Македонија имаше еден претставник, Сашо Николов - Тумац, кој прикажа одлично возење и покрај ситуацијата во која се најде. Николов во саботата немаше услови да вози на квалификациите заради гумите, но затоа пак одличното време го послужи во неделата кога заврши на четвртата позиција и притоа прокнижа 13 поени на своето конто. Во класата F1000 победник беше Онориу Даниел од Романија.
Благодарение на освоените поени на нашите натпреварувачи, Македонија во екипна конкуренција доби уште два пехари, две трети места за Тим А и Тим Б. Ова е одличен успех за претставниците на МФМА, се надеваме дека на последната трка која се вози на 20-ти септември во Плевен нашите натпреварувачи ќе го подобрат успехот и на крајот на сезоната ќе имаме претставници во најдобрите тројца на Источно-Европскиот шампионат.