Христијан Илиоски беше нашиот нај успешен натпреварувач на петтата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се оддржа на патеката Самоков во Бугарија.
Христијан Илиоски беше нашиот нај успешен натпреварувач на петтата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се оддржа на патеката Самоков во Бугарија.
Кико како подготовка пред трката во Бугарија настапи на првата трка за 2015 која се возеше во Куманово, од каде директно замина за Самоков. По победата во Македонија, следуваше победа и на Гранд При Бугарија каде Илиоски беше доминантен во двете трки.
На одличната патека во Самоков Илиоски едноставно немаше конкуренција, иако во моментов се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман зад Бугаринот Тодор Тотев, тој покажа дека е шампионски возач. Илиоски не настапи на првата рунда од шампионатот заради немањето мотоцикл, драгоцените бодови кои ги загуби тогаш сега се одразуваат на неговиот пласман па така тој заостанува 38 бодови зад Тотев.
Успехот на Кико се наѕираше уште во саботата кога на квалификациите имаше повеќе од 3 секунди предност пред Тотев. На првиот настап Илиоски извозе соло трка во која беше прв од стартот до финишот, без притоа да биде попречен од конкуренцијата на 18 возачи колку што имаше во неговата класа. Првата трка ја заврши пред Тодор Тотев и Николај Јовчев, исто како и втората во која имаше мали промени во текот на возењето. Тој ја загуби водечката позиција само на првиот свиок од Николај Јовчев, но веќе во вториот се врати на чело на колоната и до крајот само ја зголемуваше предноста пред конкурентите. Во текот на втората трка Јовчев во еден момент дури и го пропушти Тотев да вози пред него но Илиоски веќе имаше недостижна предност за Бугарскиот возач.
До крајот на шампионатот потврдена е само уште трката на патеката Тројан во Бугарија, а трката која требаше да се вози во Гевгелија и беше одложена заради поплавите по се изгледа нема да се вози.