Петтата рунда од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам викендов се вози на патеката „Motor Park România“ во Романија, а на неа ќе учествуваат тројца претставници од Македонија.
Петтата рунда од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам викендов се вози на патеката „Motor Park România“ во Романија, а на неа ќе учествуваат тројца претставници од Македонија.
Во класата SP125 ќе настапат возачите Аргетим Рамадани и Христијан Бузалковски, додека пак во класата F1000 ќе настапи ветеранот на македонскиот мотоциклизам Сашо Николов - Тумац. Добра вест е тоа што благодарение на успесите повторно може да се забележи по некој спонзор за нашите возачи, колку и да изгледа тоа симболично, сепак за нив е голема работа. Христијан Бузалковски доби сет гуми како поддршка од својот клуб (МК Мотори), додека пак Тумац ќе вози со нови гуми благодарение на Ленин Јовановски, претседателот на клубот Ноќни Волци за кои настапува Николов.
Интересна ќе биде борбата во класата SP125 помеѓу двајцата возачи на мото клубот Мотори. На Аргетим Рамадани веќе му е познато искачувањето на највисокото место на пиедесталот откако забележи победа во Грција, но Бузалковски настапи на минатата трка во Бугарија на која Рамадани не отпатува па разликата помеѓу нив двајца е минимална. Во генералниот пласман сега Бузалковски е на четвртата позиција, со само 2 бода заостанување зад Аргетим Рамадани.
Новата Романска патека се наоѓа на 680км од Скопје, но тоа нема да биде пречка за нашите возачи да ја имаат поддршката од своите најблиски, фановите како и од претставниците на МФМА. Според програмата во класата SP125 трката во недела започнува во 13.15 часот, а трката во класата F1000 започнува во 16.15 часот.
По трката во Романија до крајот на шампионатот е предвидена само уште една трка која треба да се вози на патеката Плевен во Бугарија на 20-ти септември. Момци, среќно!