MK мотоциклисти на меѓународни трки

Најава: Отворен Источно-Европски шампионат во мотокрос „Глобаре 2012“

motori goce-tomovskiНа четвртиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 15 јули на патеката Глобаре крај Крушевац (Србија), МФМ  за прв пат ќе ја претставува комплетен тим со натпреварувачи од класите МХ65, МХ85, МХ2 и МХ1.

Следете нè на:

 

На четвртиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој ќе се одржи на 15 јули на патеката Глобаре крај Крушевац (Србија), МФМ  за прв пат ќе ја претставува комплетен тим со натпреварувачи од класите МХ65, МХ85, МХ2 и МХ1. Тоа е голема можност Македонија на репрезентативно ниво да освои место на подиумот и со трофеј да се врати од ова меѓународно натпреварување. Класите МХ65 и МХ85 ќе се бодуваат и за последниот, петти натпревар од Европскиот шампионат во мотокрос.

goce-tomovskiГоце Томовски

Во класата МХ65 ќе настапи најмладиот наш член, осумгодишниот Лука Ристевски. За него ова ќе биде деби настап во европска конкуренција, а радува фактот дека Лука е во добра форма и на својот прв меѓународен настап на отворениот шампионат на Србија минатиот месец го освои првото место. Во рамките на Европскиот шампионат ќе биде неизвесна битката за прво место до последниот круг на втората трка. Моментално боди Игор Кухарчук (Молдавија) со 174 бодови пред Никола Храниќ (Хрватска) со 167 и Хакан Халми (Бугарија) со 163 бодови.

kiko-ormanХристијан Илиоски

Во класата МХ85 македонските бои ќе ги бранат Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ. Андријан дебитира на натпревар од европски ранг, додека Христиан настапи на „Гран При Македонија 2012“ и ги освои своите први бодови во силна конкуренција. Во генералниот пласман за Европскиот шампионат победникот ќе биде одлучен исто така  на последната трка, а во конкуренција се двајцата талентирани бугарски натпреварувачи: Мајкл Иванов со 187 и Иван Петров со 180 бодови.

andrijan-ristevskiАндријан Ристевски

По пехот со мотоциклот КТМ од класата МХ1 на претходниот натпревар во Хасково (Бугарија),  Христиан Илиоски се враќа во МХ2 класата со својата Хонда. Најголеми конкуренти за пласман на подиумот ќе му бидат Георг Кабал (Романија) и Георги Гочев (Бугарија).

hristian-stankovicХристиан Станкович

Во најсилната класа МХ1 повторно наш адут е Гоце Томовски. Моментално после три натпревари од отворениот Источно-Европски шампионат тој се наоѓа на четвртото место со 90 бодови. Пред него засега се Николај Јовчев (Бугарија) со 140, Валентин Радуца (Романија) со 122 и Тодор Тотев (Бугарија) со 99 бодови.

Извор: „МФМ“

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.