На четвртиот, претпоследен натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој ќе се одржи викендов на патеката Истанбул парк во Турција, МФМ ќе ја претставуваат пет натпреварувачи.
На четвртиот, претпоследен натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој ќе се одржи викендов на патеката Истанбул парк во Турција, МФМ ќе ја претставуваат пет натпреварувачи.
Со првиот подиум освоен на втората трка во Плевен (Бугарија), младиот Марин Сугарев е наш најголем адут. Тој моментално е петти во генералниот пласман во класата спорт до 125 ссм со освоени 26 бодови и се очекува да атакува на највисок пласман по откажувањето поради технички проблем на минатата трка во Истанбул.
Единствениот наш претставник во класата супербајк до 600 ссм, Игор Спиров е моментално на 6 место во генералниот пласман со 21 бод и ќе атакува на подобрување на позицијата со оглед на тоа што има само 4 бодови помалку од третопласираниот Коџјигит (Турција). Најдобар засега е бугарскиот натпреварувач Красимир Михајлов со 45 бодови.
Во класата супербајк до 1000 ссм ќе настапат двајца наши натпреварувачи. Искусниот Сашо Николов моментално е шести во генералниот пласман со 26 бодови, додека Иле Шалев за прв пат годинава ќе стартува на натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат. На првото место во генералниот пласман засега е Емилијан Јотов (Бугарија) со 40 бодови.
Во класата супершток до 1000 ссм Ефтим Велјановски по пеховите во претходните трки ќе се обиде да оствари прв пласман во бодови. Водечки е Велислав Марков (Бугарија) со 51 бод.
Извор: „МФМ“