Претставниците на МФМА имаа успешен настап на четвртата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Глобаре во Урошевац (Србија).
Претставниците на МФМА имаа успешен настап на четвртата рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Глобаре во Урошевац (Србија).
Во најсилната класа МХ1 нашиот најдобар натпреварувач Христијан Илиоски забележа една победа и едно второ место и на крајот се врати во Македонија со пехарот за вкупното второ место. Илиоски прикажа одлично возење во првата трка, стартуваше прв но заради побавниот мотор веќе во првата кривина го загуби водството. Неговото одлично возење допринесе за тоа уште во првиот круг да ја врати водечката позиција која не ја загуби до крајот на трката и со предност поголема од 10 секунди заврши како победник. На втората трка за жал стартуваше слабо, по целта беше третопласиран но за кратко време успеа да дојде до втората позиција, а потоа и да се залепи до водечкиот Тотев од Бугарија. Во моментото кога беа еден до друг Кико доживеа пад па на крајот мораше да се задоволи со втората позиција.
Нашиот втор возач во оваа класа Гоце Томовски прокнижа нови бодови откако забележа една шеста и една седма позиција. Томовски немаше најдобар старт на трките па иако сме навикнати да го гледаме во предниот дел од колоната по стартот во Глобаре тој се бореше со конкуренцијата да дојде до местата кои ги освои. Томовски повторно покажа дека е еден од физички нај подготвените возачи во оваа класа.
Во класата МХ и МХ Ветерани имавме двајца претставници, Борче Костов и Јован Стојков. Борче Костов во тешката конкуренција успеа да прокнижи нови 25 бодови на своето конто откако заврши на 8-та и 9-та позиција во класата МХ Ветерани. Тој се бодува и за класата МХ но за него приоритет е класата МХ Ветерани во која минатата година го освои третото место во генералниот пласман. По овие две трки тој е на добар пат да се доближи до третата позиција имајќи ги во предвид преостанатите трки од шампионатот.
Јован Стојков едноставно немаше среќа на трките во Глобаре. Стојков стартуваше одлично во првата трка, успеа да помине многу возачи но пред крајот на првиот круг по вина на друг возач излета од стазата и за него трката беше завршена. Помина со мала повреда на раката и оштетен мотор но тоа не беше пречка да вози и на втората трка. Во неделата повторно среќата му го сврте грбот откако со дупната гума заврши на 22-та позиција во конкуренција на 27 возачи.
Според календарот на трки преостануваат уште три рунди за возење, но неизвесна е трката во Македонија за која сеуште нема закажан датум.
МОТОКРОС | |||
# | Датум | Патека | Земја |
Рунда 1 | 05 април 2015 | Јаница | Грција |
Рунда 2 | 12 април 2015 | Гевгелија | Македонија (ОДЛОЖЕНА) |
Рунда 3 | 26 април 2015 | Бурса | Турција |
Рунда 4 | 07 јуни 2015 | Крешево | Босна и Херцеговина |
Рунда 5 | 28 јуни 2015 | Глобаре | Србија |
Рунда 6 | 30 август 2015 | Самоков | Бугарија |
Рунда 7 | 04 октомври 2015 | Тројан | Бугарија |