Стазата Берановац во Краљево (Србија) викендов ќе биде домаќин на втората трка од српскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат тројца наши натпреварувачи.
Стазата Берановац во Краљево (Србија) викендов ќе биде домаќин на втората трка од српскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат тројца наши натпреварувачи.
Мото клубот „Дивљи“ и Мото Сојузот на Србија на 5-ти јули се организатори на втората рунда во која ќе се возат 5 класи во брзински мотоциклизам и 5 класи во популарните „мото класици“. За оние кои се заинтересирани да ги проследат трките, саботата е резервирана за квалификации додека пак првите трки во недела започнуваат во 13 часот. Цена на влезницата за трките е 400 динари (околу 3,5 евра).
Во класата до 600цм3 ќе настапи Игор Спиров - Зизи кој учествуваше и минатата година на оваа трка, како и новајлијата Мартин Денковски. Во класата до 1000цм3 ќе го проследиме настапот на ветеранот Сашо Николов - Тумац. Нашите натпреварувачи ќе настапат како гости на трката и нема да се бодуваат за шампионатот кој од минатата година повеќе не се води како отворен. Во секој случај за нив ова ќе биде одличен тренинг пред третата рунда од Источно Европскиот шампионат која се вози следниот викенд на патеката Плевен во Бугарија.