Доколку прашате било кој дистрибутер на мотори во земјава зошто продажбата на мотори не оди онака како што тие би посакувале, без размислување ќе ви одговорат дека цената е во прашање. По направеното истражување со купувачите изминатиот месец, процентите говорат нешто друго..

51% од оние кои купиле нов мотор изјавија дека одбиле одредена марка на мотор заради дистрибутерот. Доколку го погледнете ова од страната на продавачот, тоа значи дека една продавница можела да си ја дуплира продажбата, доколку соодветно се однесувале кон купувачот.

Фрустрациите со дилерите ги разложивме уште по детално, а од таму произлегува дека на 25% од купувачите им било навистина битно да го пробаат моторот пред да го купат, а 7% не се одлучиле за одреден модел бидејќи не добиле можност да го пробаат истиот. Додатно на тоа, 18% не купиле одреден модел бидејќи времето за испорака на моторот било премногу долго.

15% од купувачите се одлучиле за одредена марка само заради условите од дистрибутерот, односно заради односот кон купувачот.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.