policija-mvr-malaГи гледаме постојано низ улиците но малку знаеме за нив, со цел да ги доближиме полицајците на мотори до јавноста, направивме репортажа за нивното одделение.

Одделението е формирано во
1993 година, по осамостојува-
њето на Македонија, кога се јавила потреба од единица која ќе ги
придружува странските делегации.

Ги гледаме постојано низ улиците но малку знаеме за нив, луѓето ги доживуваат како полицајци кои се тука за да им пишуваат казни на моторџиите, а всушност тоа не е нивна примарна работа. Главна работа на одделението е обезбедување на домашни и странски делегации, а во летниот период припадниците на СЕО им излегуваат во пресрет на колегите од сообраќајната полиција и вршат контроли на мотоциклите. Со цел да ги доближиме полицајците на мотори до јавноста, направивме репортажа за нивното одделение.

mvr-motori-pocetna

Имавме чест да бидеме гости на Полициското одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување каде разговаравме со раководителот на одделението и со неколку нивни припадници.

mvr2Александра Папоњак е командир на одделението во последниве шест месеци, но е член на истото веќе 10 години. Таа е единствената жена во единицата, но вели дека тоа воопшто не претставува проблем. "Соработката е беспрекорна, тие си ја извршуваат својата работа како што треба, професионални се, ме имаат прифатено без никаков проблем, исто и јас нив па затоа имаме одлична соработка." Во продолжение следува интервјуто:

Мотоциклистите ги извршуваат своите должности во текот на целата година, во периодот кога температурата се спушта под нулата, тие добиваат заменски возила, крајслери. Немаат календарски определен период за работа, колку долго ќе бидат активни во годината зависи само од временските услови.

Новите припадници во одделението се обучуваат на двете веспи со кои располагаат, а потоа добиваат еден од моторите од нивниот возен парк. За еден полицаец да стане дел од ова одделение потребно е да има работен стаж од најмалку три години, да поседува возачка дозвола од А категорија и секако да сака да вози мотор.  {gallery}mvr-obuka{/gallery}Фото: Архива на Вест

Тренинзите за жал се ретки, ограничени се на слободното време кое го имаат, а тоа секако дека не е доволно. Сепак како што истакнуваат самите, сите нивни членови се моторџии и во приватниот живот па не им недостасува искуство.

Одделението е формирано во 1993
година, по осамостојувањето на
Македонија, кога се јавила потреба
од единица која ќе ги придружува странските делегации. МВР во 1993 одбира 10 луѓе од своите редови од кои пет од градската сообраќајна единица, тројца од единицата за специјални намени и двајца од републичката сообраќајна единица. Овие десет луѓе биле почетокот на одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување.

mvr-motori-1993

Зоран Ристивојевиќ е еден од оние десет луѓе кои ја формирале единицата. Во разговорот за мотори.ком.мк тој вели:

Во моментов одделението располага и со 15 моторцикли Honda ST1300 Pan-European набавени во 2008 од Макпетрол. Се одлучиле за Хонда бидејќи единствено Макпетрол обезбедува овластен сервис на моторциклите. За постарите мотори кои се во нивната "ергела" се грижат со сопствени ресурси.

mvr-motor-honda-paneuropean

uniforma-policija-motoriУниформата која ја носат моторциклистите е составена од јакна, панталони, чизми, појас, околувратник и кацига. Првите кациги со кои располагало одделението биле од BMW, потоа следувал Nolan, а сега носат Aeroh, униформата е Dainese и Stadler, а чизмите се од италијанскиот производител Jolly.

Вреди да се истакне и нивното присуство на дефилето по повод денот на сообраќајната полиција во Србија, каде присуствуваа со три мотори и еден крајслер. На дефилето учествуваа припадници на министерствата за внатрешни работи од 7 балкански земји, а како изгледаше тоа можете да видите во продолжение: {gallery}mvr-srbija{/gallery}

Ги запознавме дечките, воопшто не се страшни, ниту пак касаат, сосем нормални луѓе и наши колеги, моторџии. Доколку возите со кацига, моторот ви е регистриран и поседувате возачка дозвола нема никаква потреба да ги избегнувате. Запомнете, вљубени сме во иста работа, моторите.

Back To Top