Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, во Македонија до сега вкупно се евидентирани 37814 мотори и скутери. Сепак бројката на мотори кои се возат е значително помала.

За потребите на проектот "Грешката чини живот" кој ќе биде реализиран на мотори.ком.мк следната година, од МВР добивме статистика за бројот на мотоцикли во Македонија. Вкупната бројка е импозантна, но сепак реалноста е далеку од оние 40-на илјади мотоцикли. Како пример ќе ја земеме статистиката за бројот на продадени мотори и скутери од почетокот на оваа година до месец Ноември, според која во земјава се возат 2442 нови мотоцикли.

На оние 2442 нови мотоцикли ќе додадеме 3982 кои се половни, а се регистрирани од почетокот на година до сега, со што доаѓаме до бројка од само 6424 мотоцикли. Реалната бројка е нешто поголема, бидејќи во статистиката за регистрирани мотоцикли не спаѓаат скутерите со зафатнина до 49цц кои се регистрираат еднаш, но сепак вкупната бројка на активни мотоцикли во земјава е помала од она што се шпекулираше.

Вкупната бројката на хартија е навистина голема, за тоа допринесуваат кинеските скутери кои од почетокот на нивниот масовен увоз во 2004-та до сега постојано расте. Ниската цена и достапноста за секој граѓанин го направија своето, па не треба да не чуди податокот дека од 2442 нови мотоцикли, само 369 се мотори, а останатите 2073 се скутери.

Да не се копира и пастира на други веб сајтови без дозвола.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.