Некои луѓе ја ловат големата бела ајкула, други уживаат во падобранството. Некој ужива во плетењето. Некои пак го поминуваат животот во потрага по совршената девојка, совршениот филм, или совршениот бран..
Ако го исклучиме плетењето, сите останати активности вклучуваат елемент на ризик, психички или физички, во толкава мерка, што целта веќе не е толку битна, колку што е битна возбудата од самото патешествие.
Во основата на филмот Any Given Sunday, долг документарен филм за моторциклите, и лугето кои што ги возат во натпреварувачки дух, исполнети со очигледно задоволство, Bruce Brown е неофицијален поет на мото-спортот. Тој не само што документира и споделува со нас често невозможни ситуации надминати од моторџиите, туку и со едноставен сликовен јазик ни предочува дека уживањето во спортот е понекогоаш и маска која крие проклетсво.
Вака отприлика бил претставен филмот On Any Sunday, по излегување од продукција во далечната 1971 година. Режисер е Bruce Brown, познат по филмот The Endless Summer, или потерата по совршен бран, филм кој ке не интересираше повеќе, ако бевме сурфери место моторџии. Да се вратиме на On Any Sunday – филм кој го прати животот на мото-тркачите и мото-ентузијастите. Браун се обидува да прикеаже дека за секој тип на трки, потребен е посебен дух, за да се истрае, и да се биде шампион. Опфатени се скоро сите различни мото спортови во кои имало натпреватување во тоа време, како Road Racing, Dirt Track Racing, Motor Cross Racing, Side Car Racing, Drag Racing, Ice Racing и други. Исто се опфатени и Пустинските Тркачи (Desert Racers), како и крос-кантри трките во САД, Мексико, и Шпанија – веројатно најнапорната во тоа време, со правила во однос на кои Дакар релито денес ке ви изгледа како ескурзија.
Од тркачките фигури се опфатени Mert Lawwill, Malcolm Smith и многу други. Ке видите дека за да се биде Светски шампион во тоа време, треба да се победи во повеке различни дисциплини во текот на сезоната. Голема заслуга за снимањето на филмот има и Steve McQueen, чија продукција покрива дел од финансиите. Тој исто така е представен во филмот, но не како познат глумец, туку како она што навистина бил – полнокрвен мото тркач, на кого глумата му била само хоби.
Со оглед на условите и техниката со која е направен филмот, не заборавјте дека е снимен пред безмалку пола век, ке останете запрепастени од сцените, и од одличната работа на камерманите, монтажата и пред се режијата на Браун. Верувајте, филмот воопшто не е досаден, ко што би очекувале од документарен филм, туку изобилува со напнатост, прекрасни сцени, понекогаш дури и комични. Сето ова придонесува дури и луѓето кои не се моторџии, да уживаат во него.
Но да не должам, искрено се надевам дека разбудив кај вас желба да го погледнете филмот, ако не сте го гледале досега. Или да го погледнате уште еднаш, заедно со вашите блиски, сегашни или идни моторџии. За сите оние што немаат добар интернет за да го симнат, или несакаат да кршат авторски права, може да се порача од Amazon.com, или пишете ми на форум, ке ви го позајмам на DVD.
Волкот Лош