Во Македонија постојат неколку категории за мотоцикли и скутери – АМ, A1, A2 и A, кои се разликуваат според возраста на кандидатот, кубикажата и моќноста на моторот. Без разлика дали планирате да возите скутер до 50 cm³, мотоцикл до 125 cm³ или моќен мотоцикл без ограничувања, изборот на вистинската категорија и информираноста за правилата се клучни за сигурен почеток.
Возењето мотоцикл носи слобода, адреналин и уживање, но за сè да започне како што треба, потребно е да се поседува соодветна возачка дозвола. Многумина имаат дилеми околу тоа од која возраст може да се полага, која категорија што дозволува и со каков мотор е најпаметно да се почне.
Во продолжение следува комплетен водич за полагање за мотор во Македонија.
©Автошкола МартинКатегории на возачка дозвола за мотоцикл
Во Македонија постојат четири категории поврзани со мотоцикли и скутери. За полесен преглед, сите најважни информации се сумирани во следната табела:
Табела: Категории за мотоцикл
| Категорија | Минимална возраст | Што смее да се вози | Ограничувања | Испит |
|---|---|---|---|---|
| АМ | 16 години | Мопеди и скутери до 50 cm³, велосипед со помошен мотор | Наменето исклучиво за лесни возила | Само теоретски |
| A1 | 16 години | Мотоцикли до 125 cm³, до 11 kW, 0.1 kW/kg | Нема право на посилни мотори | Теорија + полигон + град |
| A2 | 18 години | Мотоцикли до 35 kW, 0.2 kW/kg | Забрана за „отклучени“ мотори | Теорија + полигон + град* |
| A | 24 години или 21 год. со 2 год. A2 |
Сите мотоцикли без ограничување | Првите 2 год. – возач почетник | Теорија + полигон + град* |
* Доколку кандидатот има Б категорија, се полага само полигон и градско возење.
Кратко објаснување по категории
АМ категорија
Најосновната категорија, наменета за скутери и мопеди до 50 cm³. Се полага само теорија и е чест избор за градско движење.
A1 категорија
Одлична стартна опција за млади и почетници. Мотоциклите до 125 cm³ се лесни за контрола и дозволуваат постепено стекнување искуство.
A2 категорија
Средната класа – доволно моќна за подолги релации и патувања, но сè уште со ограничувања кои придонесуваат за безбедноста.
A категорија
Највисоката категорија. Овозможува управување со сите типови мотоцикли, но законски предвидува период на адаптација за новите возачи.
Возач‑почетник: што значи тоа?
Секој што првпат ќе добие А категорија се смета за возач‑почетник во период од две години. Во тој период важат следните ограничувања:
- Мотоцикл со максимум моќност до 40kW за А категорија и 25kW за А2 категорија
- Забрана за возење од 23:00 до 05:00 часот
- Ограничувања на брзината:
- до 60 km/h на обичен пат
- до 80 km/h на пат надвор од населено место
- до 100 km/h на автопат
Овие правила постојат со цел постепено прилагодување на возачот кон помоќни машини и сложени сообраќајни ситуации.
Важна напомена: Категориите не се префрлаат автоматски, односно, доколку некој има положено за А1 на 16 години, на 18 не се стекнува со А2 по автоматизам, тој/таа треба да полага за А2.
Каков мотор е најдобар за почеток?
Најчеста грешка кај новите возачи е започнување со премоќен мотор.
Препорачливо:
- 125 cm³ (A1) или A2 мотор
- Ниска седишна висина
- Тежина под 180 kg
- Naked или touring стил
Не се препорачува:
- Supersport модели
- Многу тешки или стари мотоцикли
- Агресивна испорака на сила
Контролата и самодовербата се поважни од коњските сили.
Потребни документи:
- Минимална возраст според категоријата (види ја табелата погоре)
- Лична карта / пасош
- Лекарско уверение за категорија за која се полага
- Завршено најмалку основно образование
Дополнително, авто школата издава потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач.
Како изгледа полагањето?
- Пријава во авто‑школа
- Теоретска настава
- Практична обука (полигон и град)
- Испит преку овластен испитен центар
Времетраењето и бројот на часови зависат од тоа дали кандидатот веќе поседува Б категорија.
Заклучок
Полагањето за мотоцикл е сериозна, но возбудлива одлука. Со правилен избор на категорија, соодветен мотор и доволно обука, мотоциклизмот станува безбеден и исклучително возбудлив дел од секојдневието.

Коментари