"If you are going to do something, be the best" Тоа е мотото на "Ginichi Kawakami" првиот претседател на Yamaha Motor Company, токму под тоа мото, целосната креативност и силниот, голем дух за предизвици ја прават Јамаха она што е сега, една од најголемите и најконкурентни компании во мото светот.

Но историјата на Јамаха не започнува со производство на моторцикли...
Далеку во 1877 година Tоракушу Јамаха ја основал компанијата "Nippon Gakki" која подоцна ќе стане корпорација Јамаха, производител на првокласни музички инструменти.

Како компанијата растела успешно, така пробувале да започнат и други бизниси, во текстилната индустрија и сл.

За време не Втората Светска Војна, Јамаха ќе почне со производство на авионски проперели. Токму производството на авионски проперели ќе биде клучен момент за влезот на Јамаха во мото индустријата.

По војната, корпорацијата Јамаха морала да најде начин да продолжи со работа имајќи големо искуство и софтициран алат од производството за авионската индустрија. Тоа е моментот кога е пронајдена/формирана Yamaha Motor Company.

Пред да го произведат својот прв моторцикл Гиничи Каваками патувал низ светот истражувајќи многу за производството на првиот моторцикл да биде како што треба, а не со првото производство да пропадне цела компанија и со тоа и засрами своето име и брендот Јамаха. И покрај патувањата на Гинчини, од негова страна додатно биле испратени неколку инженери во Европа, кој биле учени околу производството на моторцикли. Поточно таа пракса била во "DKW", со кого Јамаха имала долго но неофицијално партнерство.

Едно од дефинитивно најважните знаења и искуства со кое се здобиле инженерите на Јамаха испратени во Европа е добро познатата и недостижна технологија на двотаткните агрегати. Чисто за пример другите производители како Сузуки им биле потребни точно 7 години за да го достигнат нивото на развој кој го имале Јамаха во тој период во Азија.

Сигурно нема да ве зачуди доколку ви кажеме дека првиот моторцикл на Јамаха  125 YA-1  е целосна копија на моделот RT 12 произведен 1949 од "DKW". Единствените две разлики биле 4-степениот менувач, за разлика од 3-степениот оригинален и заменување на преносот од кардан кон примарниот и добро познат пренос со ланец.


Важен модел за Јамаха

Yamaha YA-1

Јамахата YA-1 која од страна на обожавателите беше прекрстена во црвениот змеј. Додека за некои тој модел беше ништо посебно, искрено гледано беше многу поскап од останатите во таа класа, но Јамаха постепено постигнаа одличен успех со црвениот змеј.

Издржливост:
Неверојатно пред да се пушти во продажба овој модел, беа тестирани и возени дури по 15 000 километри по разновидни патишта. Дури за да биде целосно уверен големиот шеф Гинчи Каваками го извозел моделот YA-1 од Хамаматсу до Токио без никаков проблем.

Убавина:
Со овој модел, Јамаха беше првиот производител на моторцикли кој посветил повеќе внимание на декорацијата на моторциклиот.За декорирањето беше заангажирана познатата фирма за дизајн GK која се наоѓала во Токио и се чини дека токму оваа фирма има дизајнирано голем број од моделите на Јамаха.

Брзина:
Навистина Јамахата покажала одлични перфоманси особено кога е во прашање брзината, токму поради тоа има постигнато одлични резултати на локалните но добро познати и посетени трки како трката на планината Фиџи и 3 освоено место и на планината Асама со 1 освоено место.

Агресивниот став е една од поголемите причини која помогна Јамаха да порасне толку многу кога е во прашање спортските модели. Иако за разлика од другите производители Кавасаки, Хонда и Сузуки, Јамаха има започнато покасно со производство. Со други зборови Јамаха му покажа на светот дека се одлични производители, а тоа укажува само на едно нешто: дека ќе бидат квалитетни и жестоки уште од самиот почеток. 

Други познати модели од тоа време се:

Yamaha YD-1

Овој модел бил директен ривал на моделот од Сузуки TP

Еве некој основни информации:

Yamaha YD-1
15 hp
70 mph.
185,000 yen

Во споредба со:

Suzuki TP
18 hp
80 mph.
195,000 yen

Уште еден многу важен модел од тоа време е : Yamaha YDS-1

Тоа е сонот на сите млади Јапонци во периодот од 1959-1960, не постоел некој што не копнеел по тоа да го има во гаража.

Некои технички инфромации за YDS-1:
20 hp
151 kg
85 mph

Директен ривал на моделот на Хонда CB72.

И од тогаш, историјата на модели и победи се полни ли полни... навистина има многу да се говори.
Денеска, сите знаеме дека Јамаха е еден од главните брендови во светот кога се во прашање моторциклите.
По претставувањето на Хонда, би можеле уште многу да пишуваме за историјата на Јамаха, но да оставиме малку простор за да напишеме нешто и за останатите Јапонски конкуренти... Сузуки и Кавасаки.

Back To Top