Корисни текстови

Чистење на ланец од мотор

thumb_Motorcycle_chainЛанецот е ногу важен дел од моторот и одржувањето на истиот е од голема корист за моторот, со тоа добиваме по убаво и смирено возење на моторот, а истовремено го зголемуваме и животниот век на ланецот.

Следете нè на:

 
Ланецот е ногу важен дел од моторот и одржувањето на истиот е од голема корист за моторот, со тоа добиваме по убаво и смирено возење на моторот, а истовремено го зголемуваме и животниот век на ланецот. Под одржување на ланецот се подразбира редовно чистење и подмачкување.

Ланец на кој долго време никој не му посветил вниманиеЛанец на кој долго време никој не му посветил внимание
Чистење на ланецот:
Постојат повеќе начини за тоа како да го исчистите ланецот. Повеќето светски експерти советуваат да користите керозин, за жал тешко може да се најде керозинот во нашата држава па наместо керозин можете да употребите нафта за чистење на ланецот. Земете една мала четка што ќе ја користите само за чистењето ланец, нека биде од подобар квалитет, наквасете ја нормално во нафтата и почнете со четката внимателно да го чистите ланецот, ефектот е одличен. Со свои очи ќе видите како прљавите наслаги се отстрануваат од вашиот ланец, повторете го овој процес неколку пати, додека се исчистат убаво сите небпотребни наслаги.  Мораме да напоменеме дека со овој вид на чистење ланецот се троши, трошењето е мало и незначително но имајте го во предвид и тој факт. Сепак голем број од возачите го применуваат овој трик, овозможувајќи за кратко време и без многу потрошени пари да го светнат ланецот.

cistenje-lanec-motorДоколку сте во можност, отстранете го комплетно ланецот од мотор за подобро чистење

За оние кои одамна не се посветиле на хигиената на ланецот или оние кои имаат потреба целосно да го исчистат, најдобро е да се извади целиот ланец од моторот и да се потопи во сад со нафта. Нека отстои 20 минути и потоа повторно со четката поминете го убаво. Откако ланецот е чист, извадете го и со чиста и сува крпа избришете го целосно и повторно оставете го половина час да се исуши комплетно.

iscisten lanecИзглед на исчистен ланец
Подмачкување на ланецот:
За подмачкување на ланецот би ви препорачале уље за запчаници 90w, доволно е густо за да се залепи на ланецот и остане како што треба. Со користење на тоа уље најдобро би било да го подмачкувате ланецот на секој од 600км до 1000км, во зависност од терените и условите низ кои сте возеле и не заборавајте дека секојпат прво го чистите ланецот па потоа подмачкувате.

podmackuvanje na lanecot so sprejПодмачкување на ланецот со спреј
Многу ефикасен начин за подмачкување на ланецот е истиот да се извади од моторот (доколку сте го чистеле на оној начит со вадење на ланецот, по сушењето од половина час направете го овој процес) и да се потопи во сад со  90w уље. На овој начин најубаво ќе бидат подмачкани сите делови кои тешко се подмачкуваат. Оставете го ланецот да отстои во садот не повеќе од 10 мин и потоа закачете го за да се исцеди убаво. Не заборавајте да го поставите на подот садот со уље каде предходно го потопивте ланецот, за во него да се цеди остатокот од уљето, а ќе се исцеди многу. Откако ќе се усцеди уваво ланецот вратете го на моторот и возете слободно до наредните 1000 километри.


Доколку не сакате да навлегувате во повеќе компликации, не сте искусни или немате време да го подмачкувате ланецот на горе споменатиот ефикасен начин, тогаш најубаво е наједноставно додека ланецот е на моторот со четка внимателно да нанесете од уљето. Убаво подмачкувајте го ланецот, внимавајте да не ви остане некој дел не подмачкан за потоа да дојде до зарѓување или пак кинење на ланецот.

dobro podmackan lanec za motorИзглед на добро подмачкан ланец
Уље за двотактни машини:
Може да користите и уље што се користи за двотаткни агрегати, доколку не можете да го најдете она за запчаници 90w. Како и да е ова уље ќе ви го држи подмачкан ланецот следните 400 километри.

WD 40:
wd40Сигурни сме дека познавате некои сопственици на моторцикли кој го подмачкуваат и чистат ланецот со WD 40.

Немојте да мислите дека постапуваат погрешно и тоа е добар начин за да се одржува ланецот. Го користат поради лесниот начин на користење поради спрејот, за разлика од гореспоменатите начини со нанесување со четка, но е многу поскапо и многу брзо се троши спрејот WD 40.

Уште еден несакан ефект од користењето на WD40 е и зголеменото нагризување на гумените делови од ланецот.

Спреј за ланец:
cistenje na lanec od motor so sprejВо мотопродавниците ќе сретнете голем број на овие спрееви меѓу кои има и такви кои го подмачкуваат и чистат ланецот. Интересен е производот на МОТУЛ кој е доста ефикасен спреј и со едно прскање воедно го чисти ланецот и подмачкува. Предноста кај овие спрееви е што начинот на нанесување е навистина лесен и заштедува време, но да не заборавиме дека овие спрееви чинат до 5 пати повеќе од горенаведените ефикасни и ефтини начини.

Да напоменеме дека оние сопственици кои на својот моторцикл немаат пластичен заштитник на ланецот мора да внимаваат повеќе на чистењето и подмачкувањето на ланецот особено кога возат во денови кога се мокри улиците. Доколку не сте сигурни дали вашиот ланец е за чистење, наслушнете го звукот кој го испуште ланецот додека возите, доколку слушате звуци кои до неодамна не постоеле, најверојатно на вашиот ланец му треба добро чистење.

lanec na motor na koj mu treba cistenjeЛанец од мотор на кој очајно му треба чистење

Scottoiler:
Како систем за подмачкување на ланецот се користи и т.н. Scottoiler кој подетално ќе го опишеме во наредниот период. Она што е важно да се спомене за него е дека работи на два начини вакумски или електронски и со негова помош вашиот ланец се подмачкува автоматски, додека возите. На тој начин ланецот постојано е подмачкан, а вие ќе го добиете максимумот од вашиот пренос.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.