Еден од најтрофејните наши возачи, Христијан Бузалковски со малку повеќе мака ама на крај успеа да ја направи својата #ТОП3 листа.
Христијан Бузалковски со својот Team 71 интензивно се подготвува за новата натпреварувачка сезона. Тој оваа година планира настап на 12 трки и тоа во рамките на три различни шампионати. Ќе настапува во БМУ Европскот шампионат, Алпе Адриа и секако националниот шампионат.
И оваа година зад трикратниот шампион и освојувач на златна кацига стојат познатите партнери како Компанија Велковски, Агенцијата за млади и спорт, SkyMoto а пред некоја недела ја промовираше и својата нова LS2 THUNDER ултра лесна карбонска кацига која со гордост ќе ја користи оваа сезона.
#ТОП3 трки на кои си учествувал?
Ќе ја издвојам првата победа во класата СП 125 на БМУ Европскиот Шампионат во 2017 година во Бугарија, со старт од пол позиција и одлична борба!
Потоа првата победа во класата Ф600, исто во Бугарија 2019 год, исто од пол позиција 😀
И за крај може да се каже трката во Чешка 2019 година на Алпе Адриа интернационалниот шампионат, каде од 34 возачи, стартував последен бидејќи имавме проблеми со моторот и успеавме да завршиме во бодови со 7мо најдобро време од сите натпреварувачи 😀
#ТОП3 сериски произведени мотори?
BMW S1000, R1 и DUCATI V4, брутални мотори!
BMW-то ми е омилен, доколку би преминал во повисоката класа би сакал тоа да биде моторот! Ама секако ако излезе и друга шанса, не би ја пропуштил!
#ТОП3 тркачки патеки на кои си возел
ТТ Асен, Словакиа ринг и Ошерслебен! Сите 3 се светски стази и навистона е престиж да се настапува и да се трка на такви патеки!
#ТОП3 MotoGP возачи
Bagnaia , Marquez , Quartararo! Фаворот за оваа сезона мислам дека ќе биде Пеко, ама ќе видиме сите се многу блиску.
#ТОП3 тркачки патеки на кои сакаш да возиш
Па би сакал да возам во Катар, многу убава и брза патека! Мизано ми е исто предизвик и секако некоја од шпанските патеки (Валенсиа, Херез, Каталуња).
#ТОП3 муабети кои ти ги направиуле улични тркачи
Хахах, имаше порано на почетоците" дојди по кривини, дојди на автопат, ама никогаш не сум паѓал на такви провокации, брзите мотори се за тркачки патеки 🙂