AllElectric е продaвница каде може да се најдат сериозни електрични мотори.

Скоро една година во Скопје постои продавница која е решена да ја донесе иднината побрзо и на нашиот пазар. Се разбира иднината е електрична, односно со мотори на електричен погон. Сакале ние или не, деновите на класичните мотори со внатрешно согорување им се одбројуваат. Добро може не деновите, туку годините, ама иднината е јасна. 

all electric store

Токму по тој повод разговаравме со Душан Попевски, визионерот зад концептот наречен allelectric.mk

Кога и како се роди идејата за allelectric?
Идејата е уште многу одамна кога завршував со студиите на Машинскиот факултет и кога електричните возила и моторцикли беа само како концепт возила но после повеќе години се обнови идејата како нова дополнителна бизнис инвестиција. 

Кој е концептот на продавницата и кои се очекувањата од локалниот пазар?
Концептот на продавницата е да се понудат високо квалитетни електрични моторцикли од познати брендови во електричната мото индустрија, а очекувањата се дека се повеќе клиенти ќе се уверат во економичноста и еколошкиот ефект на електричните моторцикли и ќе бидат се позастапени на улиците во нашата држава. 

all electric store main copy

Можеш ли да ни кажеш по некој збор повеќе за брендовите со кои работите кои се поврзани со мото индустријата?
Super Soco е производител исклучиво на електрични моторцикли, целото производство е контролирано и се иведува во сопствена фабрика-inhouse, во сите модели се вградени исклучиво Литиумски батерии, за дизајнот и маркетингот се задолжени луѓето од Vmoto Soco - Италија, во соработка со Ducati се изработуваат неколку спортски модели, а како заштитни лица на брендот се Марио Маркети и Хорхе Лоренцо.

Horwin е Австриски бренд кој е развиен исклучиво само за Европскиот пазар, иновативноста и квалитетот на производите се на прво место, имплементирајќи ги најквалитетните материјали кои овозможуваат долг век на траење, зголемен комфор и удобност при возењето. Секоја година развиваат се повеќе нови модели, зголемувајќи ја гамата на производи постојано. 

all electric store dainese

Какви се првичните реакции на локалниот пазар кога станува збор за електрични мотори?
Првичните реакции беа многу позитивни, поздравувајќи ја нашата идеја и добивме поддршка дека овој сегмент е иднината

Според тебе кога очекуваш на глобално ниво да стане нормална работа електричен голем мотор?
На глобално ниво веќе е нормално возење на електричен мотор, тука предничат земјите како Јапонија, Индија и Кина а во Европа се Норвешка, Данска, Финска... а во нагорен тек се и земјите како Германија, Франција, Италија... во спортскиот сектор веќе неколку години редовно се вози светско првенство Мото Е, кое е се попопуларно и каде се возат електрични моторцикли од Италијанско потекло, со кои имаме договор за сорабтока и се достапни и за нашите клиенти во Македонија по нарачка.Кои се главните предности а кои предизвиците на електричните мотори? 

Главните предности на електричните моторцикли се заштитата на околината бидејќи нема воопшто издувни гасови, не се корисити масло за подмачкување во моторот кое при промена би ја загадувало околината, воопшто нема бучавост, нити миризба при работата и возењето. Овозможуваат одлична економичност во возењето, лесни се за управување, едноставни за користење и одржување...  А како предизвик е патувањето со електричен моторцикал, односно зголемување на досегот кај моделите за патување и скратување на брзината на полнење.

Back To Top