Првиот Македонец со „Iron Butt“ сертификат деновиве направи нов подвиг. На неверојатно ниска температура, со Zontes 703f тој успеа да помине 2544км за помалку од 24ч низ Македонија!
Во својата објава тој вели:
2544км. на борд за под 24ч, 2525kм. на GPS @ 20ч:03мин

На репертоар за возење беше одличниот Zontes 703f, кој во секој километар и на таа експлоатција беше на висина на задачата

Крајно специфично беше тоа што сите +2500км беа поминати на територијата на Македонија поделени на 12 x 215kм. на појас Стража - Гостивар - Скопје - Гевгелија - Скопје - Штип што добива на друга тежина - “mental game”.
Она што мене ме направи посебно среќен и горд е тоа што благодарение на заедничката желба со целиот тим на “Hamachi”
успеавме Zontes 703f да влезе како ПРВ и за сега ЕДИНСТВЕН во куќата на најиздржливите (Iron butt) кога се во прашање екстремни и крајно сурови мото подвизи
Zontes 703f, во кратки црти од она што јас го видов:
-Одличен на отворен пат и одлично се однесува во кривини со оглед на тоа што не е лесен мотор (230кг)
- Вибрации минимални помеѓу 6-7.000 обртаи но благодарение на 699cc 3 cylinder inline со 97кс. за мене би рекол скоро и да не се чувствуваат.
- 22Л резервоар, солиден домет што слободно можам да кажам дека го вбројува во прав турер а моментот што со себе носи цели 8л. посебен “back up” резервоар инсталиран на левата страна од задниот дел прави да сте безбеден и кога подолго време во одредени ситуации сте приморани да сте на минимум.
-21/18 жичани тркала го прават супер лесно да одговара на нерамнини и дупки.
-Огромен пакет на опрема која доаѓа како стандардна: 3 алуминиумски куфери, греачи на рачки, подесив визир, TGC екран, Keyless Ignition, traction control, заден радар (blind spot monitoring), “roll bars”, “hand guards”, “skid plate”, магленки, централен штендер и многу други дополнителни опции преку самиот екран.
Некои недостатоци за мене ЛИЧНО се:
-бара поголема гас и обртаи доколку малку сакате да ги почувствувате спортските перформанси.
-Остра гас и “quick shifter” доста осетлив;
“Ride by Wire Quirks, мислам дека може доста подобро во аспект на “throttle mapping“ особено кога моторот се вози во “sport mode”.
Доста позитивно изненаден и слободно можам да кажам дека конкретно со овој модел кинезите си завршиле Бога ми доста солидна работа

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до целиот тим на “Hamachi” за укажаната прилика.
Коментари