Првиот Italian Open Moto Day, настан посветен на промоција на италијанската мото индустрија во организација на Амбасадата на Р.Италија и ДИНАМИКС, ќе се одржи на 8 јули, на паркингот на средно Водно, од 18.00 до 23.00 часот.
Од 18 до 20.00 љубителите на мотори и брзина ќе имаат можност за запознавање со моторите и тест возење.
Во 20.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на уникатен и забавен начин ќе ги претстават најновите модели VESPA GTS 75th, Moto GUZZI V7 Stone Centenario, и Ducati Monster.
Од 21.00 следат два часа дружење, забава и уживање со италијанска рок музика, италијанска храна и пијалоци!
Ве очекуваме! Бидете дел од Italian Open Moto Day 2021!