Мотоциклистичката федерација на Македонија во сабота (06.03.2021) ќе ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2020 година.

На патеката Орман крај Скопје во сабота со почеток од 15 часот Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе им додели признанија на најдобрите во мото спортот за 2020 година.

mfm 2014 5

Според протоколите за заштита од Ковид-19 вирусот настанот ќе се одржи на отворено, а ќе може да присуствуваат по двајца претставници од секој мото клуб придржувајќи се до мерките за растојание и носење на заштитни маски.

Мотоциклистичката федерација ќе им додели признанија на најдобрите во брзински мотоциклизам, ендуро и мотокрос:

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - ШАМПИОНАТ ВО МОТО КРОС НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2020
  MX1   MX2   MX   MX85
1 Гоце Томовски - МК Гого 1 Димитар Манџуков - МК Гого 1 Зоран Каранфиловски - МК Мотори 1 Антонио Дамјановски - Хамачи Екстрим
2 Благојче Спировски - Ендуро Тим Водно 2 Васко Киров - Ноќни Волци 2 Даниел Јаневски - Мото Велес 2 Огнен Тодоров - МК Мотори
3 Слободан Ивчески - Сакамото 3 Андреја Каревски - СРТ Куманово 3 Ангелче Стојковски - Ендуро Тим Водно 3 Алексеј Стојковски - МК Мотори
  ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО КЛУБОВИ
1 МК Гого - СКопје
2 МК Ендуро Тим Водно - Скопје
3 МК Мотори - Скопје
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - ШАМПИОНАТ ВО БРЗИНСКИ МОТОЦИКЛИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2020
  F600   F1000
1 Христијан Бузалковски - 71 Тим 1 Слободан Ивчески - МК Сакамото
2 Димитар Димитров - МК Желки 2 Сашко Николов - МК Мотори
3 Благоја Мартиновски - Ендуро Тим Водно 3 Стојан Митов 
  ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО КЛУБОВИ
1 МК 71 - Скопје
2 МК Сакамото - Скопје
3 МК Мотори - Скопје
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - ШАМПИОНАТ ВО ЕНДУРО НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2020
  E1   E2   E3
1 Драган Ванов - МК Велес 1 Синиша Николоски -Мк Велес 1 Дејан Маркоски - Мк Драпачи
2 Денис Гареја-СТР Куманово 2 Марко Златановски -Ендуро Тим  2 Јове Иванов  -Мк Ендуро Тим Водно
3 Елвир Мемедов -Мк Велес 3 Милан Мишевски-СТР Куманово 3 Ангелче Стојковски -Ендуро Тим Водно
  ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО КЛУБОВИ
1 МК Мото Велес
2 МК Драпачи
3 МК Ендуро Тим Водно

На церемонијата ќе бидат доделени и признанијата „Златна Кацига“ на тројца натпреварувачи за освоени три последователни титули во иста класа на Драган Ванов (Ендуро класа Е1), Гоце Томовски (Мотокрос, класа МХ1) и Христијан Станкович (Мотокрос, класа МХ2).

Back To Top