На 13-ти септември 2007 година македонската он-лајн заедница беше збогатена со првиот веб сајт за мотори - motori.com.mk.

Изминаа 15 години откако беше објавена првата содржина на сајтот, 15 години од првите средби, запознавања, возења... 15 години во кои сите ние заедно направивме многу за оваа наша мото сцена.

Заради објективни причини не сме во можност да организираме забава оваа година, но сакаме да Ви се заблагодариме на сите вас кои на било кој начин помогнавте во нашата мисија во измиатите 15 години. Период во кој се оформија многу нови мото клубови, период во кој заедно се изборивме за горливите прашања, од увоз на мотоцикли, висока цена на зелен картон, бесплатен паркинг за мотори до регистрација на период помал од една година.

Не заборавајте, во галеријата можете да ги погледнете сите наши фотографии од 2008-ма до денес.

Би сакал да ја искористам оваа прилика лично да им се заблагодарам на сите кои на било кој начин биле дел од мотори.ком.мк во изминатите 15 години, за некоја година ќе станеме полнолетни, а вашата поддршка ни е битна како и во првата година.

Нека ни е среќен роденденот и задно да си дочекаме барем уште толку ;)

Баже
Мотори.ком.мк

Back To Top