Во Струмица ќе се гради мотокрос патека за одржување на натпревари од највисок ранг.
По активната соработка и направените прeлиминарни подготовки за изградба на патека за одржување на Мотокрос натпревари од највисок ранг, во Струмица беше официјално потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Струмица и Мотоциклистичката Федерација на Македонија.
Договорот го потпишаа Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски и Претседателот на Мотоциклистичката Федерација на Македонија Зоран Трајковски. Потпишувањето на овој меморандум е потврда за активната работа на двете институции во насока на поставување на државата на мапата држави организатори на натпревари од Светскиот Шампионат во Мотокрос (MXGP). Тоа е од огромно значење за промоција на нашата држава како и за развојот на мотоциклизмот. Успешната реализација ќе ја постави Струмица и Македонија како нов центар на светската мапа за тренинг и врвни мотокрос натпревари.
Паралелно со потпишувањето на договорот направени се и првичните преговори со господинот Freddy Verherstraeten, кој беше гостин на Мотоциклистичката Федерација на Македонија и е човек кој ги има изработено 80% од патеките на кои се одржува Светскиот Шампионат во Мотокрос (MXGP). Господинот Freddy Verherstraeten имаше можност да го погледне теренот каде што е предвидено да биде изградена патеката и во текот на самата посета беа направени прелиминарни скици и планови за нејзиниот изглед.
Дополнително во насока на организацијата на натпреварот кој е предвиден за сезоната 2020, во Женева на Конференциската недела на на Светската МотоФедерација ФИМ на која присуствуваше Благоја Петровски како член на комисија за Јавни Работи на ФИМ, беа направени разговори со фирмата промотор на MXGP за плановите и намерата Македонија да биде организатор на натпревар во 2020 година.
Со сите споменати активности очекуваме да ја добиеме можноста и успешно да организираме натпревар во рамките на Светскиот Шампионат во Мотокрос (MXGP) во 2020.
Би можело да ве интересира
Деновите, пред една од најкултните трки во календарот, изобилуваат со содржини.
Според најавата на некои светски медиуми за очекување е KTM многу наскоро да ја лансира својата нова понуда во рангот на новата 490 серија.
Дали организација на трка значи само објавување на стартот и мафтање со црно бело знаме за крај? Дали обврските на организаторот завршуваат тука?
Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!
Запознајте ги Бранко, Новак, Михаил, Горјан, Гален и Олег. Јас ги запознав едно неделно попладне на полјана во близина на спортскиот аеродром Стенковец.