Домашни настани

Во недела мотокрос трка на Орман

Во недела на патеката Орман крај Скопје ќе се вози првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос.

Следете нè на:

Во недела на патеката Орман крај Скопје ќе се вози првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос.

Мото клубот Вардар од Скопје е организатор на првата рунда од македонскиот шампионат во мотокрос во класите МХ1, МХ2, МХ и МХ85. Трките ќе се возат на патеката Орман со почеток во 12 часот во недела.

За галерија од минатогодишната трка кликнете овде.

Во продолжение и правилникот за трката:

Државно првенство во мотокрос

ПОСЕБЕН ПРАВИЛНИК

Мото Крос Трка - Орман 2019 27.10.2019

Член 1
МК Вардар - Скопје, во соработка со општина Ѓорче Петров, a во согласност со календарот на МФСМ и Правилникот за мотокрос на МФСМ, закажува мото-крос трка во класите MX1, МХ2, MX и MX85.

Член 2
Трката ќе се одржи на полигонот за мотокрос Орман. Патеката е долга 1500 метри, минимална ширина 5 метри и старт од 55 метри. Висинската разлика е 10 метри, а зоната за чекање и за механичари е одредена зад стартот. Скицата е дадена во прилог.

Член 3
Адресата на организаторот е: МК Вардар, Хелсинки 14А 1000, Скопје, тел: 02 309 1199. Пријави за трката се доставуваат до 25-ти октомври, 2019, на адреса на организаторт, МК Вардар - Скопје.

Член 4
Спортски директор на трката е Александар Николовски. Главен судија е Арун Меховиќ, а секретар Филип Николовски, додека технички преглед, Златко Николовски.

Член 5
Жири комисијата е составена од претседател, Зоран Трајковски и членови: Арун Меховиќ и Слободан Петровски.

Член 6
Трката ќе се спроведе според Правилникот за мотокрос на МФСМ, како и правилата на ФИМ и ФИМ - Европа. Мотоциклите и опремата на возачите треба да се по стандардите на ФИМ и ФИМ - Европа.

Член 7
Излегувањето на стартната рампа во првото возење е според пласманот од претходната година, а во второто според пласманот во првото возење. Стартната листа и времените и конечните резултати од секоја трка ќе бидат објавувани на табла кај трибината покрај патеката.

Член 8
Бодувањето и пласманот во поединечна и екипна конкуренција се врши според Правилникот за мотокрос за 2019. Објавување на резултатите ќе се врши на огласна табла во боксот на возачите после секоја рунда. По завршување на вторите рунди се објавуваат и вкупните резултати. Приговори за резултатите во писмена форма се доставуваат од клубовите или лично од возачите најдоцна 30 минути по објавувањето на резултатите кај секретарот на трката со приложена такса од 1000 денари.

Член 9
Организаторот на првите три возачи во секоја класа ќе им додели признанија во вид на медали или благодарници.

Член 10
Редослед на програмата е еднодневна за 27-ми октомври:

- 09:30-10:00 технички преглед и верификација во бокс за возачи
- 10:10-10.201 прва седница на жири во објектот на полигонот
- 10:20-10:40 службен тренинг МX+MX85 (задолжителни 3 круга)
- 10:45-11:05 службен тренинг МХ2 + МХ1 (задолжителни 3 круга)
- 11:15 втора седница на жири во објектот на полигонот
- 11:30 Свечено отварње на трката
- 12:00 прва трка МX+MX85 (15 минути плус 2 круга)
- 12:25 прва трка МХ2+МХ1 (20 минути плус 2 круга)
- 12:55 втора трка МХ+МX85
- 13:20 втора трка МХ2+МХ1
- 13:45 трета седница на жири во објектот на полигонот
- 14:10 прогласување на победници пред објектот на полигонот

Член 11
Овој Посебен правилник е усвоен од МК Вардар и од Комисијата за мотокрос на МФСМ – октомври 15, 2019.

МК ВАРДАР
Претседател, Боби Иванов

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Дали би можел Хорхе Лоренцо да го напушти тимот на Yamaha и да стане тест возач на Aprilia?

„Мислам дека имаме уште една Емилио Алзамора ситуација. Би било кул ако имам можност да го видам тоа повторно“ - Џек Милер не верува дека лидерот на табелата Јоан Мир треба дополнително да ризикува за да стигне до првата победа оваа сезона. Андреа Довициозо се сложува: „Мислам дека тоа не е важно.“

BMW направи подобрувања кај R nine T линијата на мотоцикли. Новите машини сега ќе имаат почист мотор, подобар сет на помагала за возачот а во исто време е задржан класичниот изглед.

Сигурно мислите дека ова е само уште еден екстремно скап и комплициран „Euro Superbike“ кој не може никој да си го дозволи а обичните смртници нема да можат да го возат без скапата електроника.

Седум години откако MT-09 за прв пат се појави на сцената, Yamaha кај оваа „naked triple“ машина направи големи подобрувања.

Пред нешто повеќе од две години објавивме дека Aprilia работи на дво цилиндричен спортски мотоцикл кој ќе биде подостапна опција од водечката машина на компанијата, RSV4 супербајк.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.