Претстојниот викенд во Велес ќе се одржи втората и третата трка од шампионатот на Македонија во Ендуро за 2019.

Трката во организација на мото клуб Мото-Велес, Мотоциклистичката федерација на Македонија и општина Велес ќе се одржи претстојниот викенд.

Се работи за втора и трета трка од државниот шампионат во Ендуро за 2019 година, трки кои ќе се одржи на терените крај Велес. Местото изобилува со прекрасни терени за ендуро кои се гарант за возбудливи трки.

enduro trka skopje

Според најавите трките ќе се возат во два натпреварувачки денови и ќе се бодува одделно како две посебни трки за државниот шампионат во Ендуро. Предвидени се три класи кои ќе се бодуваат E1, E2 и E3 (T1 кинески до 450cc) и ОПЕН ХОБИ класа која нема да се бодува за шампионатот. Отворената класа ќе им овозможи на ентузијастите без тркачка лиценца да го искусат натпреварувачкиот предизвик во Ендуро.

Мото-Велес воедно ги известува сите заинтересирани натпреварувачи навремено да извадат лиценца, спортско лекарско уверение и осигурување за да можат да учествуваат на трките.

Back To Top