После дождот секогаш излегува сонцето и навистина викендов тоа и се случи на Мотокрос трката која се одржа на одличната патеката во селото Орман

image00018

Инаку селото Орман е сместено на северозапад во Скопската Котлина, настрана од гужвите и градскиот метеж, со што овозможува навистина непречено уживање во прашливата бучна бркотница на неколку дузини крос мотори поделени во неколку класи. 

Патеката е распослана на северната страна на брегот над селото и ја грее сонце скоро цел ден. Секако ако го има. А на 02.10.22 кога се одржа и трката го имаше сосема доволно. Ова беше добро и за натпреварувачите, но и за публиката која дојде да ги бодри. Дел од публиката секако беа пријатели и роднини на натпреварувачите, но и останати љубители на овој спорт, моторџии како и случајни минувачи односно дел од мештаните.

Она што посебно радува е атмосферата која владееше на оваа трка. Веројатно и фактот што веќе полека влегуваме во есента и му кажуваме збогум на убавото време, дополнително придонесе за еуфоријата која владееше. Резултатите ќе ги погледнете на линкот, но приказната за настанот може само да се почувствува ако се види во живо. Секако дека не секој може да одвои време и пари за да дојде во Скопје и да присуствува на секоја трка, но верувајте дека се работи само за паметно планирање и некоја сума од 50 евра за да се дојде од било кој крај од државава и да се изгледа еден ваков настан во живо. А за 50 евра не можете да купите ни билет за некој настан од ваков тип, во некоја соседна или не дај боже европска земја. 

Големите скокови кои ги изведуваа натпреварувачите не беа оценувани од специјално жири и не се бодуваа, но измамуваа огромни аплаузи и извици кај публиката. Секако дека беа пропратени и со турирања во моментите кога беа во воздух. Претекнувањата беа многубројни и навистина беше потешко да се следи се што се случуваше на патеката од местото на старт, но побликата која беше распослана на брегот на патеката уживаше гледајќи ја скоро цела патека, без да ја јаде задолжителната прашина која ја креваат крос моторите. 

310517303 1261790254619424 4558828357500383466 n

Оваа сезона заврши, но следанта испланирајте едно кратко патување до некоја следна локација за дружење и поддршка на овие храбри момци и девојка… е да, мораме да ја споменеме единствената дама, младата Нина Олури која апсолутно не им се дава на момчињата со кои се трка, и нека биде ова воедно мотив за сите вљубеници во оваа категорија дека овој спорт не познава граници.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.