МФМ традиционално и по јубилејен 5 пат ќе го организира натпреварот „Гран При Македонија“ во рамките на Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во 2013 година, кој ќе се одржи на 30 и 31 март на патеката Милци крај Гевгелија.

trka-milci

МФМ традиционално и по јубилејен 5 пат ќе го организира натпреварот „Гран При Македонија“ во рамките на Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос во 2013 година, кој ќе се одржи на 30 и 31 март на патеката Милци крај Гевгелија.

Со оглед на бројот на пријави, очекувањата на организаторот се дека вљубениците на овој атрактивен спорт на дело да видат околу 100 мотоциклисти од 10 земји поделени во 6 класи и со тоа да се собори досегашниот рекорд од 2009 година кога настапија точно 101 натпреварувач. Во сите класи се очекуваат интересни борби, а за истакнување е дека по вторпат натпревар во организација на МФМ ќе се бодува и за Европскиот шампионат во класите ЕМХ65 и ЕМХ85 во кои ќе настапат четириесеттина млади надежи до 14 годишна возраст.

tomovski-let

Боите на Македонија на трката ќе ги бранат дваесеттина натпреварувачи. Во најсилната МХ1 класа, наш адут е Гоце Томовски, вицешампионот од 2010 и третопласиран во 2011 година. Во класата МХ2 и МХ2-јуниор најмногу се очекува од Никола Гулевски. Кај најмладите во класата ЕМХ65 сите наши надежи се свртени кон 9-годишниот Лука Ристевски, а во ЕМХ85 кон Христиан Станковиќ и Андријан Ристевски. Во класата МХ3 ќе настапи и миленикот на гевгелиската публика, 6-кратниот шампион на Македонија, Мирче Ќорнаков. Очекувањата од нашите натпреварувачи ќе бидат поголеми со оглед на настапот на домашен терен и бодрењето од публиката.

mirce-kjornakov-14 

Според програмата тренинзите и квалификациите започнуваат во сабота 30.03. од  9:30 часот, додека свеченото отворање на натпреварот е предвидено за недела 31.03 од 10:30 часот.

Извор: „МФМ“

Back To Top