Гоце Томовски, најдобриот македонски натпреварувач во МХ1 класата започна со лесни тренинзи со својата нова Honda CRF450R 2013. 

goce-tomovski-honda

Гоце Томовски, најдобриот македонски натпреварувач во МХ1 класата започна со лесни тренинзи со својата нова Honda CRF450R 2013.

За жал годинава нема да го видиме во македонскиот мотокрос шампионат бидејќи му беа извршени три операции на коленото, а заздравувањето ќе трае во следните 9 месеци. До тогаш Гоце не смее да се појави на тркачките патеки, но ќе се обиде да ја задржи формата со лесни тренинзи.

Викендов присуствуваме на тренингот кој се одржа на поранешната патека Зајчев Рид (сега наречена Зајко) каде Томовски заедно со уште неколку кросисти се забавуваа на импровизираната патека.

Новата Хонда е со редизајниран изглед во однос на претходникот, но вистинските новитети не се пластиките. Предницата е променета, наместо стандардните пушки новата Хонда има амортизери со воздух, кои тежат помалку, имаат помало триење и овозможуваат подобро управување. Рамот е изменет во предниот дел заради новите вилушки и начинот на кој што работат, а двојните издуви се пократки и во склад со новиот изглед.

На Гоце му посакуваме побрзо закрепнување и што поскоро враќање на патеките, како би го искористил целиот потенцијал на овој ѕвер.

Back To Top