Извештај и резултати од „Гран При Македонија 2013“ за сите трки по класи.

motocross-grand-prix-macedonia-2013

Мотоциклистичката федерацијана Македонија (МФМ) и репрезентацијата на Македонија го освои второто место во рамките на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос кој се одржа на патеката Милци крај Гевгелија.

МФМ по петти, јубилејен пат го организираше натпреварот „Гран При Македонија 2013“ во рамките на Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2013 година.

По дождливо време и на калливата патека се појавија вкупно 91 натпреварувачи од 9 држави: Хрватска, Унгарија, Турција, Албанија, Црна Гора, Романија, Бугарија, Србија и Македонија поделени во 6 класи.

mkd-team

Во рамките на Европскиот шампионат под закрила на Европската мото унија УЕМ, се бодуваа 2 класи кај најмладите. Во класата ЕМХ85 убедлива победа во двете возења однесе Роберт Томпа од Романија, пред Лука Црнковиќ од Хрватска и Ивелин Господинов од Бугарија. Македонските претставници Христиан Станковиќ и Андријан Ристевски беа на 11-тото односно 13-тото место во конкуренција од 20 натпреварувачи.

Robert-Crisztian TOMPA

Кај најмладите од класата ЕМХ65 во првото возење победи Томасо Бертото од Унгарија, а во второто неговиот сонародник Адам Ковач. Сепак, вкупна победа со константно возење и второ место во двете трки оствари Димитар Петров од Бугарија. Бертото заврши втор, а Ковач трет во вкупниот пласман од Европскиот и отворениот Источно-Европскиот шампионат. Нашиот Лука Ристевски во втората трка одлично се снајде на тешката патека и заврши на 6-тото место што му беше доволно за вкупно 8-мо место во конкуренција од 19 натпреварувачи.

mali motori-kal

За галеријата од најмладите учесници кои херојски се бореа со калта кликнете овде.

Одличен впечаток остави уште еден романски претставник, Георг Кабал кој со атрактивно возење беше најдобар од 22 натпреварувачи во класата МХ2. Тој победи пред Јанко Ташев од Бугарија и Тамаш Чашар од Србија кој настапува со унгарска лиценца. Чашар се искачи уште еднаш на подиумот, беше прв во МХ2 јуниор. Од тројцата наши претставници најуспешен беше Никола Гулевски кој заврши како 13-ти во МХ2, односно 6-ти во МХ2 јуниор.

gulevski-kawa-2013

Во најсилната класа МХ1 победи Тодор Тотев од Бугарија пред Бранко Антиќ од Србија и својот сонародник Георги Гочев. Гоце Томовски кој се опоравува од повредата беше најдобар македонски натпреварувач освојувајќи го 8-мото место.

tomovski-gp-macedonia-2013

Во класата МХ иако се појавија дури седум наши претставници, сепак на подиумот се пласираат само натпреварувачи од Бугарија. Победи Мартин Тодоров, пред Јулиан Раичев и Васил Стојанов. Николче Тодоров победи во македонскиот шампионат пред Мирче Ќорнаков и Борче Костов.

Кај репрезентациите најдобри беа Бугарија, пред Македонија и Романија. Следниот натпревар од отворениот Европскиот и Источно-Европскиот шампионат ќе се одржи во Зарнешти, Романија на 19 мај.

Галеријата со сите слики од трките можете да ја погледнете овде.

Резултати од трките:

- ЕМХ65, трка 1
- ЕМХ65, трка 2
- ЕМХ65 бодови

- ЕМХ85, трка 1
- ЕМХ85, трка 2
- ЕМХ85 бодови

- МХ1, трка 1
- МХ1, трка 2
- МХ1 бодови

- МХ2, трка 1
- МХ2, трка 2
- МХ2 бодови

- МХ (FIM Europe 65/85), трка 1
- МХ (FIM Europe 65/85), трка 2
- МХ (FIM Europe 65/85) бодови

За крај и видео во кое можете да погледнете колку многу кал имаше на патеката :)

Извор: „МФМ“

Back To Top