motori E1_Nikola_GulevskiПод покровителство на МФМ, во техничка организација на МК Александар од Скопје, а со несебична помош од МВР – Единица за обука и поддршка на 18 и 19 август во Лазарополе се одржаа четвртиот и петтиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

E1 Nikola_Gulevski

Под покровителство на МФМ, во техничка организација на МК Александар од Скопје, а со несебична помош од МВР – Единица за обука и поддршка на 18 и 19 август во Лазарополе се одржаа четвртиот и петтиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

Патеката со должина од 10 километри натпреварувачите ја минуваа по четири пати, а највозбудливо беше на брзинскиот испит „Речиште“ каде најуспешните и најбрзите беа поздравени од публиката со громогласни аплаузи.

Во Е1 класата видовме интересна борба за првото место помеѓу двајца млади натпреварувачи. Шампионот од мотокрос Никола Гулевски (МК Мотостарс) по првпат годинава се појави на ендуро патеките, но тоа не го спречи да победи во двата натпреварувачки денови. Уште повеќе, Гулевски беше генерално најдобар на вториот ден и го оствари најбрзото време 2:03,94 на брзинскиот испит. Втор заврши Драган Ванов (МК Мото Велес), а трет беше дебитантот Јован Ставрески (МК К’ј антенине). На еден натпревар пред крајот Ванов ја обезбеди својата прва титула со 116 бодови.

E2 Valentin_Tosev

Во класата Е2 во првиот ден одличен беше Бојан Лазов (МК Мото Велес) и со убедливо најдобро возење победи пред големите конкуренти Валентин Тошев (МК Брзкруг) и Ивица Милошевиќ (МК Мотори). За жал, Лазов имаше непријатен пад на брзинецот во текот на вториот ден и поради повреда мораше да се откаже од борбата за висок пласман. Победи Тошев пред Милошевиќ и дебитантот Горан Димитријоски (МК Александар). На крајот Тошев беше вкупно прв пред Милошевиќ и Лазов. Во генералниот пласман води Милошевиќ со 109 пред Тошев со 97 бодови.

Во класата Е3 за првпат годинава Борче Костов (МК Мотостарс) беше подобар од Горан Тасиќ (МК Мото Велес) во двата натпреварувачки денови. Третото место го освои Ѓоко Филиповски (МК Мото Велес). Сега Тасиќ води со 119 пред Костов со 109 бодови.

E3 Borce_Kostov

Во првата трка од класата Т1 двократниот шампион Виктор Ефремов (МК Мото Велес) извојува победа пред Баже Шишковски (МК Александар) и Николчо Николов (МК Ендуранс тим). Техничкиот проблем на мотоциклот го спречи Ефремов да стигне до максималниот број бодови во втората трка. Тоа го искористи дебитантот Иле Чингаров (МК Брзкруг) кој победи пред Николов и Шишковски. Сепак во вкупниот пласман по два дена најмногу бодови освои Ефремов и ја извојува победата со само 1 бод повеќе од Николов и Шишковски. Ефремов води во генералниот пласман со 118, пред Шишковски со 101 и Николов со 100 бодови.

T1 Viktor_Efremov

Превземи резултати:
- Генерален пласман, Трка 1 (18.08.2012)
- Пласман по класи, Трка 1 (18.08.2012)
- Генерален пласман, Трка 2 (19.08.2012)
- Пласман по класи, Трка 2 (19.08.2012) 

Извор: „МФМ“

Back To Top