Годинешното мото рели „Македонија независност“ ќе биде по различно од досегашните. Направени се промени во организацијата, рутата и начинот на кој ќе се одржи настанот со цел да му се врати сјајот на релито, но и интересот на учесниците.
Годинешното мото рели „Македонија независност“ ќе биде по различно од досегашните. Направени се промени во организацијата, рутата и начинот на кој ќе се одржи настанот со цел да му се врати сјајот на релито, но и интересот на учесниците.
Кликнете овде за да го погледнете прилогот на МТВ за првото мото рели Независност во далечната 1992 година.
Ќе има игри за кои ќе треба да се пријавите, ќе има бендови, скара и евтино пиво, ќе има награди за учесниците и за победниците во игрите, ќе има и сертификати за секој кој ќе ги помине сите контролни точки и успешно ќе го заврши релито. Котизацијата за учество на релито е 900 денари за возач и 900 за совозач.
Релито ќе се вози од 7-ми до 9-ти Септември. За гостите од странство обезбеден е кампинг простор во Орман еден ден пред стартот на релито.
Предвидената рута е:
1. ден
Старт од Скопје од плоштадот Македонија во 13.00 часот. Се вози до Велес каде ќе има куса пауза на која ќе се положи цвеќе на споменикот во центарот на градот, а учесниците ќе добијат симболични подароци од градот Велес. Од Велес се вози до Радовиш каде е првата контролна точка и се прави куса пауза за освежување на учесниците. Потоа се вози назад од Лакавица преку Криволак и околу 16.00 треба да пристигнеме во Кавадарци. Кампот за учесниците е во Ваташа, сместувањето ќе биде во шатори, а има опција за престој во конаците на манастирот и хотелско сместување за кое МФМ ќе партиципира со 50% од цената за сместување.
2. ден
Поаѓање од Кавадарци во 11.00 часот, возиме до Прилеп, потоа Битола каде се застанува за освежување и поминување на втората контролна точка, а потоа се вози до Охрид. Пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 16.00 часот. Попладнето се предвидени активности за целата група и забава на која ќе бидат доделени сите признанија и сертификати за учесниците. Сместувањето е предвидено во Калифорнија, Партизан и уште неколку хотели. Вечерата е планирана за во пицеријата „Билјанини извори“ кај каналот.
3. ден
Третиот ден е незадолжителен односно враќањето до Скопје е само за оние кои сакаат. Се тргнува од Охрид во 13.00 часот, се вози преку Дебар, а пристигнувањето во Скопје е планирано за во 16.00 часот.
Организаторот обезбедува стартен пакет во кој ќе има маица, билтен, стартен број и сертификат за учество. Обезбедена е и вечера во Кавадарци и Охрид, а грицки и освежување ќе има во Велес, Радовиш и Битола. Организаторот ќе учествува и во трошоците за сместување на учесниците во местата во кои се ноќева.
Право на учество на релито имаат сите членови на клубови, како и сите слободни возачи. Пријавувањето ќе биде преку клубовите со пополнување на формулар, а останатите кои не се членови на некој мото клуб ќе можат да се пријават преку мотори.ком.мк. Канцеларијата ни се наоѓа зад Универзална сала, до кафулето Конак, каде веќе може да се остават формуларите и да се плати за учество. Клубовите можат да ги достават пријавите за учество во Сојуз на спортови на град Скопје (СОФКА). Пополнетата пријава можете да ја испратите на
Пријава за мото рели Македонија независност 2012:
- Поединечна пријава
- Клубска пријава
- Entry form
Следете ја темата на форумот во која постојано се објавуваат информации од МФМ, и потврдете го вашето учество во календарот на настани.
НАДОПОЛНУВАЊЕ:
- Првата контролна точка ќе биде во Радовиш. Право на учество во игрите но и повластена цена на пијачките и јадењето ќе имаат само оние учесници кои ќе ја поминат контролната точка.
- Во кампот во Кавадарци се обезбедени тоалети и цистерна со вода. Во кампот ќе има настап на бендови, а за секој учесник е обезбеден сендвич и пијалок. Во Кавадарци учесниците ќе можат да се пријават и да учествуваат во следните игри:
1. Влечење камион (двајца учесници ќе треба со помош на јаже да извлечат камион на одредена далечина пр.20м, а ќе се мери времето за кое ќе го направат тоа)
2. Бавна трка (двајца учесници паралелно еден до друг, победник е оној кој побавно ќе стигне до целта без притоа да се спушти нога или да излезе со моторот од предвидената лента)
3. Трка со буре (трка во која целта е со помош на мотоциклот побрзо да се избутка пивско буре до целта без притоа бурето да излезе од предвидените ленти)
4. Пиење пиво на екс
+ Игри кои ќе се организираат на самото место
- Во Кавадарци сите учесници ќе добијат подароци од градот (привезоци, грозје, вино...)
- Втората контролна точка ќе биде во Битола
- Во Охрид меѓу другото ќе биде организирана и Гимкана
- Сите учесници на релито ќе бидат осигурани со лично осигурување
Во подготовка се материјалите за релито, се работи на нов модерен дизајн на маичките како и на брошурата во која освен стандардната содржина ќе има и совети за возење во група и слични корисни содржини. За игрите дозволено е пријавување на максимум двајца учесници по клуб, за оние кои не се во клуб ќе се направи селекција во зависност од бројот на пријавени за одредена игра.
Сместување
07.09/ петок / Кавадарци
• Сместување во интернат и спортската сала која е пренаменета во сместувачки капацитет по цена од 300 денари во 2, 3 и 4 креветни соби
• Сместување во конаците на манастирот, по цена од 150 денари по човек во 3 креветни соби
• Бесплатно место за кампирање со ваши шатори
08.09/ сабота / Охрид
• Одмаралиште “Калифорнија“ во соби со различен капацитет по цена од 300 ден по кревет.
• Хотел “Дипломат“ по цена од 900 ден. по кревет со доручек Швед. маса.
• Бесплатно место за кампирање со ваши шатори
Не очекува навистина интересно Рели Македонија, па затоа не чекајте, пополнете ја пријавата и испратете ја веднаш.
За сите прашања или предлози ви стоиме на располагање, пишете ни коментар или пратете ни порака на