Не е никаква тајна дека тркачите вежбаат на „flat track“ за да ги подобрат нивните вештини во текот на сезоната.

Ваквите тренинзи потекнуваат уште од периодот кога возеше Кени Робертс Јуниор а традицијата остана и денеска. Како и сите големи шампиони, и Валентино Роси одлучи да оди еден чекор понапред, креирајќи приватна патека која се наоѓа во близина на неговиот дом во Тавулиа, Италија.

Патеката има неколку различни конфигурации и преставува одлично место за тренинг за Роси и неговите пријатели. Оваа локација е исто така тренинг база и на луѓето кои се дел од VR46 академијата.

Motor Ranch 100km circuit offices

Сега конечно можеме да видиме како изгледа еден круг поминат на мото ранчот VR46. А токму Валентино Роси не води низ свиоците.

Наш предлог е да го погледнете видеото и да видите мислењето на Роси за неговата приватна патека.

Back To Top