Еден од главните недостатоци на мотоциклите со три тркала е лошото движење во свиок. Ако сакате да се вратите безбедно дома, во никој случај немојте ги да возите брзо кога влегувате во некој свиок.
Бидејќи тие не можат да се навалат, воопшто не се погодни за нагли вртења. „The Spyders“ имаат многу електроника во нив за да компензираат за овој недостаток, и тие се наслонуваат на нивниот алгоритам за стабилност. Ако го погледнете нивното промотивно видео, ќе можете да забележите дека многу внимателно ја одбегнуваат оваа тема. Нема да видите како некој вози ваков мотоцикл брзо при влегување во свиок. Секако, има и храбри луѓе кои се спремни да го направат ова.
Истото е однесува и на обичните мотоцикли со три тркала. И за двете категории, мора да се напомене едно нешто. Нивниот неподвижен центар на гравитација ги прави работите полоши при вртење, со тоа што го турка мотоциклот надвор од идеалната линија на возење и со тоа ја зголемува можноста за превртување.
Tilting Motor Works го решава овој проблем со тоа што ги преработува мотоциклите во трицикли со помош на лост. Секако, TMW машините не изгледаат толку добро како класичните мотоцикли на три тркала, но се многу позабавни.
Двете предни тркала се закачени на лост кој му овозможува да трициклот да се навалува како и класичните мотоцикли. Ова му овозможува на возачот да го користи своето тело за полесно да управува. И на сето ова, додадете ја стабилноста што ја имате со три тркала.
Со овој мотоцикл ќе ви биде полесно да ги следите останатите возачи од вашата група, а во исто време ќе бидете побезбедни.