(Време на читање: 1 - 2 минути)


Вашите пријатели постојано ви велат дека возењето мотоцикл е опасно. Да им покажеме дека грешат.

Статистиката која е објавена во САД вели дека изминатата година од управување на мотоцикл загинале 4.957 лица. Прилично голема бројка нели? Сепак да ги видиме работите кои луѓето ги прават секојдневно и според статистиката се многу по веројатни да ве убијат отколку возењето мотоцикл.

Листа на 13 секојдневни работи кои се поопасни од возење мотоцикл

bebida alcoholica 5

Алкохол: 25.692 лица умреа во САД минатата година од труење со алкохол.

Цигари: 440.000 лица умираат во САД секоја година поради болести поврзани со цигарите.

Грип: 48.614 Американци умреа од грип минатата година.

Праќање пораки: Во 24% од сударите со фатален крај учествувале возачи кои или зборувале или праќале порака на својот мобилен телефон.

Пад: 25.000 умираат секоја година при паѓање.

Отров: 39.000 луѓе умираат секоја година од отрови што ги чуваат дома или од лекарства.

Чад од цигари: 49.000 лица умираат во САД секоја година поради чадот од цигарите.

Оружје: Од огнено оружје во САД секоја година умираат 31.940 лица. Поголемот дел се самоубиства.

Здравствена грижа: Најмалку 98.000 Американци умираат секоја година поради медицински грешки.

Секс: 20.000 Американци умираат секоја година од сексуално преносливи болести.

Дрога: 17.000 Американци годишно умираат од дрога.

Дебелина: 400.000 Американци умираат секоја година поради лоша исхрана и физичка неактивност.

Вашето купатило: Речиси 9.000 Американци беа убиени од нивното купатило во 2015 година.

Извор: rideapart.com

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: