Со неминовното пристигнување на новите, подобрени ZX-10R модели, нема подобро време од сега да се потсетиме на една од највозбудливите мото династии.
Последниот ZX-10R е петтата верзија од оригиналниот мотоцикл кој за прв пат беше промовиран во 2004 година (нема да дискутираме за ZX-10 моделите од 1988 година, само за ZX-10R). Во основа, сите се брзи и возбудливи. Повеќето се меѓу најдобрите мотоцикли што некогаш биле произведени во Јапонија. Следната недела ќе имаме комплетна анализа на новиот модел, а во меѓувреме, да се потсетиме на претходните модели...
Зафатнина | 998cc |
Моќност | 175bhp @ 11,700rpm |
Тежина | 170kg |
Денешна вредност | 5000 - 6500€ |
Оригиналниот ZX-10R за прв пат беше претставен во САД и веднаш беше наречен ѕвер. Краток и полн со моќ, вистинско оружје доколку е во прави раце но исто така може да биде и незгоден. Денес, тој е прв избор на вистинските возачи, особено доколку е добро прилагоден.
Зафатнина | 998cc |
Моќност | 175bhp @ 11,700rpm |
Тежина | 174kg |
Денешна вредност | 5500 - 7500€ |
Промената на изгледот има за цел да ги поправи грешките кај речиси сите нови машини. Различни вбризгувачи, 4:2 издувен вентил (на местото на титаниумскиот 4:1) со засилени придушувачи на звук и поблага испорака, променет рам и дистрибуција на тежина. Некои луѓе сметаа дека Kawasaki претерал. Најмалку посакуван од сите ZX-10R модели.
Зафатнина | 998cc |
Моќност | 188bhp @ 12,500rpm (200 со „ram air“) |
Тежина | 179kg |
Денешна вредност | 6000 - 10.000€ |
Kawasaki се врати на вистинскиот пат со нова верзија која полесно се управува и која е полесна за возење благодарение на поголемото меѓуоскино растојание. Исто така има и црна вилушка и Ohlins амортизери.
Зафатнина | 998cc |
Моќност | 199.8bhp @ 13,000rpm |
Тежина | 198kg |
Денешна вредност | 9000 - 16.000€ |
Откако го направија ZX-10R најдобриот супербајк мотоцикл, во 2011 година Kawasaki го направи овој мотоцикл да биде и најдобар тркачки мотоцикл кој излегол од Јапонија. Ревидирано пренесување и поголема компресирана енергија се само дел од работите. Нова двојна задна рамка, софистицирана електроника и за прв пат KTRC контрола на тракцијата и модели на моќност.