Во фабриката во Сан Марино ќе бидат креирани само 12 примероци од овој мотоцикл кој развива 230кс и кој тежи 154 килограми. Официјалното претставување ќе биде за време на мото шоуто во Монако кое ќе се оддржи оваа недела.
Да, цената на овој мотоцикл изнесува 1 милион долари или ако го преведете тоа во евра речиси 810000. Што го прави толку посебен? Тој е последната креација на Масимо Тамбурини, легендарниот дизајнер на мотоцикли кој почина во 2013 година. Тамбурини не само што беше одговорен за основањето на Bimota туку исто така ги дизајнираше и Ducati 916 и MV Agusta F4.
Наречен Т12, овој проект беше започнат од страна на Тамбурини но откако беше откриено дека боледува од рак на градите, работата околу проектот ја презеде неговиот син, Андреа.
Во фабриката во Сан Марино ќе бидат креирани само 12 примероци од овој мотоцикл кој развива 230кс и кој тежи 154 килограми. Официјалното претставување ќе биде за време на мото шоуто во Монако кое ќе се оддржи оваа недела.
„Да ја прикажам последната работа на мојот татко, нешто во кое го вложи целото свое животно искуство, е најдобриот начин на кој можам да му одадам почит како дизајнер и како личност,“ изјави Андреа.