Доаѓа зимската сезона и за некои возачи тоа значи збогување со мотоциклот се додека повторно не се затопли. Но што да се прави во меѓувреме? Да се играат видео игри, секако. За среќа, имаме уште една добра игра на листата, Moto Racer 4.
Доаѓа зимската сезона и за некои возачи тоа значи збогување со мотоциклот се додека повторно не се затопли. Но што да се прави во меѓувреме? Да се играат видео игри, секако. За среќа, имаме уште една добра игра на листата, Moto Racer 4.
Направена од „Artefacts Studios “, „Motor Racer 4“ нуди многу повеќе опции отколку играта „Ride“. Ако за „Ride“ може да кажеме дека го претставува „ Gran Turismo“ но во светот на мотоциклите, тогаш за „ Motor Racer 4“ слободно можеме да кажеме дека е замена за „Need For Speed“ или „Flatout“.
Играта е поделена и можете да возите на асфалт или по планински патишта. На секој од овие делови може да игра еден играч или пак неколкумина истовремено. Можете да го прилагодите мотоциклот и да возите низ предели на Америка и Азија.
Доколку возите на асфалт, пешаците, гужвата во сообраќајот и полицијата ќе ви бидат чести пречки кои ќе мора да ги надминете. Доколку пак возите оф роуд, можете да најдете многу скратени делови со цел побрзо да победите.
Играта ќе биде претставена на 4-ти ноември и ќе биде достапна за PC, Playstation, и xBox. Нејзината цена ќе биде 30 долари и во неа е вклучена и VR поддршка која ќе ви ја направи играта уште поинтересна.
Доколку пак не сте заинтересирани за тркање, а сепак сакате да играте игри со мотоцикли, покрај „Ride 2“ и„ Moto Racer 4“, можете да ја пробате и онлајн верзијата на „Grand Theft Auto“. На неа се додадени голем број различни мотоцикли и опции како и можност да формирате банда и да се борите за територија, да продавате дрога и оружје.