(Време на читање: 1 - 2 минути)


Lego и BMW Motorrad им овозможија на идните возачи да направат минијатурна верзија на моделот R 1200 GS Adventure. Знаете како велат – привлечети ги додека се млади и можеби ќе ве следат во текот на целиот живот.

Lego и BMW Motorrad им овозможија на идните возачи да направат минијатурна верзија на моделот R 1200 GS Adventure. Знаете како велат – привлечети ги додека се млади и можеби ќе ве следат во текот на целиот живот.

Комбинирајќи го дизајнот со уметноста на инжињерството, ова е првиот модел на LEGO кој ќе биде  направен во соработка со производител на мотоцикли. На пазарот ќе се најде од 1-ви јануари 2017 година.

lego bmw r 1200 gs adventure on shelves starting 2017 14

 „BMW Motorrad е многу задоволен бидејќи го дели ентузијазмот за овој мотоцикл со LEGO Technic. И двете компаниии имаат долга традиција на производство на емоционални продукти за своите потрошувачи,“ изјави Хајнер Фауст, директор за продажба и маркетинг во BMW Motorrad.

Можеби нема да изгледа толку комплицирано да се направи како другите производи на LEGO, но би требало да знаете дека R 1200 GS Adventure ќе биде составен од 603 делови, а крајниот резултат е направен на тој начин за да изгледа многу слично со оригиналната машина.

Задржани се главните карактеристики и линии на мотоциклот, вклучувајќи го и прилагодливото ветробранско стакло. Ентузијастите лесно ќе ја забележат предната суспензија како и рамниот-преден мотор, кој всушност се движи кога ќе се рашират тркалата.

Дури и тркалата на играчката се слични со оние на оригиналниот мотоцикл. Благодарение на многуте детали, овој сет не само што е реален туку е и многу забавен и предизвикувачки да се направи.

Моделот е висок 18 сантиметри, неговата должин изнесува 33 сантиметри, а ширината му е 10 сантиметри. Доколку сакате полесно да го составите, постои и посебна апликација која можете да ја пуштите на вашите телефони и таблети.

LEGO Technic BMW R 1200 GS Adventure исто така има и едно изненадување за колекционерите. Групацијата LEGO, следната година прославува 40 години постоење на LEGO Technic и по тој повод комплетот ќе содржи и специјално дизајниран LEGO Technic дел.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: