Kawasaki работи на нови модели на мотоцикли со нешто што се нарекува „Emotion Generation Engine“ и „Natural Language Dialogue System“. Овој концепт ќе овозможи многу понапредна комуникација меѓу возачот и мотоциклот.

Со помош на огромен број на податоци, системот ќе му овозможи поголемо уживање на возачот. Преку напредната технологија за електронски менаџмент, системот ќе ги прилагоди сетинзите во зависност од искуството на возачот, неговите вештини и стил на возење. Колку повеќе комуницираат возачот и мотоциклот, толку поголема ќе биде врската меѓу нив. Системот ќе треба да му овозможи еден комплетно нов стил на уживање на возачот.
Kawasaki ја нарекуваа RIDEOLOGY. Системот овозможува „еден вид на вештачка интелигенција која овозможува возачот и машината да комуницираат преку технологија која е способна да ги препознае емоциите преку гласот на возачот. Оваа платформа во моментов ја развива SB Corp, која е дел од групата SoftBank. “