Занимливости

Motul ја охрабрува новата генерација на фанови

Motul ја охрабрува новата генерација на фанови (но завршува само со тоа).

Врската меѓу Motul, патеката во Асен, локалната заедница како и големата фамилија на MotoGP фанови ќе биде дополнително зацврстена оваа година со серија на настани и активности кои се планирани за периодот помеѓу 27-39 јуни 2019 година. Motul ќе биде во центарот на настанот со цел да разговараат и да се доближат поблиску до армијата на пасионирани мотоциклисти.

MotoGP на четири тркала...?

Оваа година еден забавен настан, Motul Pedal Car Race,  ќе се организира во центарот на Асен, веднаш пред познатиот Дренс музеј. Шест тима каде што деца ќе бидат возачи ќе се натпреваруваат со мали коли со педали а MotoGP и Moto2 возачите овој пат ќе бидат во улога на фанови. Трката нема да носи поени туку само забава и има за цел да го приближи Motul поблиску до фановите и истовремено да направи одлична забава за најмладите.

Motul

Motul исто така организираше и специјална промоција заедно со Холандскиот партнер, MotorKledingCenter. Фокусот е ставен на MC Care линијата која е витална за мотоциклот. За време на мото парадата која ќе се случи во петок навечер, јасно ќе биде видлива црвено-белата боја на Motul.

Не застануваат само со ова

Луѓето кои се дел од Motul ќе им овозможат на сите фанови да ги тестираат производите М1,М2 (средство за чистење на кацигата и визирот) како и М4(средство за чистење на рацете).

Motul и MV Agusta, кои од 2016 година имаат договор за глобално партнерство, ќе им обезбедат дополнителна доза на адреналин на своите фанови благодарение на настапот на официјалниот каскадер на MV Agusta, Тибо Ногес.

Главниот настан

Секако, главното нешто поради кое сите го сакаат MotoGP се мотоциклите и возачите а Motul воопшто не се разликува. Тие уште еднаш ќе подржат два фабрички тима, Suzuki, каде што Алекс Ринс во моментов се наоѓа на третто место на табелата и Јоан Мир плус Reale Avintia Racing заедно со возачите Тито Рабат и Карел Абрахам. За сите оние кои нема да можат да присуствуваат во Асен ќе има директен пренос од настанот на социјалните медиуми. Не пропуштајте ниту минута.

За Motul

Motul е светски позната Француска компанија специјализирана за производство и дистрибуција на високо квалитетни лубриканти за мотоцикли, автомобили и други превозни средства како и лубриканти за индустријата.

Познати по квалитетот на нивните производи, иновативност и учество во натпреварувањата веќе 150 години, Motul е признаен како специјалист за синтетичките лубриканти. Во 1971 година компанијата стана прва во светот која произведе 100% синтетички лубрикант.

Motul е партнер на многу производители и тркачки тимови со цел да го подобрат нивниот технолошки развој во индустријата. Таа е спонзор на многу меѓународни настани, како што се Road racing, Trials, Enduro, Endurance, Superbike, Supercross, Rallycross, World GT1, 24 Hours of Le Mans, 24 Hours of Spa,  Andros Trophy, Paris-Dakar, 8 Hours of Suzuka, Bol d’Or, Daytona 200-mile motorcycle.

Би можело да ве интересира

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.