Војвотката од Кембриџ воопшто не е импресионирана од мотоциклите на Вилијам и никој од нас не е изненаден поради тоа.

Добро е познато помеѓу возачите дека на нашите партнери не им се допаѓа фактот дека возиме мотоцикл. Без разлика дали е поради загриженост или пак нешто друго, многу возачи имаат партнери кои не ги поддржуваат во ова. Изгледа дека ниту кралската титула не може да ви биде од помош.

william2 770x433

Покрај тоа што има дозвола за управување со хилихоптер и е голем спортски фанатик, принцот Вилијам е познат и како голем обожавател на мотоцикли од Италијанската компанија. Исто така ги сака и трките, а можевме да го видиме како присуствува на Isle of Man ТТ. Додека беше таму тој ги изгледа последните етапи од TT Supersport Race 2, се сретна со официјалните претставници на трката и неколку волонтери и генерално можеме да кажеме дека уживаше во трката.

А додека беше таму, еден од министрите во Британската влада, го праша принцот што мисли неговата сопруга за овие трки.

„Кога и кажав дека ќе одам да гледам трки, таа само ми кажа. - Навистина!?“  одговори Вилијам.Очигледно на војвотката не и се допаѓаат премногу трките и одговори како и многу други сопруги.

Back To Top