При процесот се користат камери и радар кој го детектира присуството на возило во одредена зона околу мотоциклот. Во основа, камерата и радарот помагаат за да не мора да ја вртите главата во таква ситуација.
Honda мотоциклите во не толку далечна иднина можеби ќе добијат систем за предупредување. Оваа информација доаѓа откако неодамна се појавија скици со патенти на кои може да се види како Јапонската компанија планира да употреби камери и радари со краток дострел, чија задача ќе биде да детектираат возила кои ќе се појават во слепата точка на возачот и да го предупредат за нив.
Системот веројатно ќе биде независен и нема да се потпира на комуникациии со други возила. Honda не е првиот производител кој ја развива оваа технологија. Веќе постои BMW Side View Assist систем.
Повеќе или помалку принципот е ист. При процесот се користат камери и радар кој го детектира присуството на возило во одредена зона околу мотоциклот. Во основа, камерата и радарот помагаат за да не мора да ја вртите главата во таква ситуација.
Се верува дека системот на Honda може да детектира мотоцикли, автомобили, комбиња, камиони и други возила кои ќе се најдат во делот кој возачот не може да го види. Доколку се појави некое возило во тој дел, тогаш ќе се запали светилката за таа намена.
Покрај светилката, дел од системот за предупредување се претпоставува дека ќе бидат и вибрациите, односно доколку се наоѓа некое возило во делот кој не може да го види возачот, тогаш воланот или друг дел од мотоциклот кој е во контакт со возачот, ќе почне да вибрира.
Се уште не се знае кога овој систем ќе стане функционален но со оглед на фактот дека BMW веќе го имплементира во своите возила, можеме да претпоставиме дека Honda набрзо ќе почне да го употребува.
Ќе биде интересно да видиме како ќе функционира овој систем кога двајца мотоциклисти ќе возат еден покрај друг.