Специјалната ретро графика со која Honda настапи на домашното ГП на Јапонија во Мотеги очигледно им се допадна не само на фановите, туку и на луѓето во HRC.
По огромниот позитивен одѕив за изгледот инспириран од легендарната RC181 од 1966 година, Honda HRC Castrol на X објави едноставна, но интересна порака:
"If this gets 50k likes we keep this livery"
Со други зборови, доколку објавата собере 50.000 лајкови, Honda сериозно ќе размисли ретро дизајнот да остане и по јапонското Гран При.
Специјалната графика беше создадена по повод 60 години од дебито на Honda во премиерната класа на светскиот шампионат, а комбинацијата од бела основа, црвени детали и класични линии веднаш предизвика воодушевување кај љубителите на MotoGP. Honda ја претстави оваа графика за да го одбележи јубилејот на своето деби во 1966 година.
Искрено, според реакциите на социјалните мрежи, има многу фанови кои би сакале оваа графика да стане новото лице на RC213V. По години во кои доминираа модерните и агресивни дизајни, класичниот изглед потсети зошто старите HRC бои се меѓу најпрепознатливите во историјата на мотоциклистичките трки.
Останува да видиме дали објавата ќе ја достигне магичната бројка од 50.000 лајкови, но едно е сигурно: Honda доби јасна порака од фановите дека ретрото никогаш не излегува од мода.
Во моментов се на 13.000, кликнете овде за постот.


Коментари