thumb_dsc_6242-jpgЗа едните тој е идол, за другите, еден од идиотите заради кои јавноста ги мрази моторџиите, но без разлика во која група спаѓате сигурно не сте останале рамнодушни на Хајабусата која развива 499кс. Епа доколку имате среќа, таа може да биде ваша!

dsc_6242-jpg

За едните тој е идол, за другите, еден од идиотите заради кои јавноста ги мрази моторџиите, но без разлика во која група спаѓате сигурно не сте останале рамнодушни на Хајабусата која развива 499кс. Епа доколку имате среќа, таа може да биде ваша!

Личноста зад Ghost Rider остана тајна за јавноста, барем за онаа пошироката, а во Шведска скоро и да нема човек кој не го знае неговиот идентитет. Сепак во интерес на енигмата која се провејува низ сите негови видеа можеби е неважно кој се крие зад црното одело и кацига. Ghost Rider од 2002 издаде повеќе видеа од кои запаметен ќе остане „Uppsala Run“, видео во кое тој го поминува патот од Стокхолм до Упсала во должина од 68км за време од 15 минути, постигнувајќи просечна брзина поголема од 270 км/ч.

Дали на човекот во црно му здодеа од бегање на полицијата, се префрли на играње PlayStation или која и да е причината, добрата вест е дека пре-тјунираната Буса може да биде ваша. Ghost Rider се одлучи на еден вид наградна игра во која се што треба да направите е да ги оставите вашите податоци на неговиот веб сајт. На крајот, еден среќник ќе го вози ѕверот од скоро 500кс со кој се надеваме дека нема да се обиде да го имитира Швеѓанецот.

За да учествувате во наградната игра, кликнете овде. Внесете ги вашите податоци и стискајте палци ;)

п.с. За повеќе видеа доволно е да напишете Ghost Rider на YouTube.

Back To Top