Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.
Свесни сме за некои чудни закони ширум светот кои можеби потекнуваат од некое друго време, како на пример, возачите на такси во Лондон да мораат секогаш со себе да носат сено. Изгледа дека има и некои специфични мото закони кои во 2016 година изгледаат помалку чудно. Неколку од нив можете да прочитате подолу.
Лондон: Не смеете да имате секс на паркиран мотоцикл
-Не знаеме зошто ова важи само за Лондон или за паркирани мотоцикли. Но дали со тоа што велат дека не смеете да имате секс доколку е паркиран мотоцикли значи дека можете да го направите тоа додека возите?
Германија: Држете ги двете раце на рачките
-Во Германија е забрането да го возите мотоциклот само со една рака. Ова има логика бидејќи возењето со двете раце е многу подобро отколку возење само со една.
Некои држави во САД: Морате да имате заштита за очите
-Не сите држави во САД бараат да носите кацига, но некои од нив бараат да носите заштита за очите.
Камбоџа: Забрането е вклучување светло преку ден
-Доколку возите со запалени светла во текот на денот ќе заработите казна, но доколку возите без светло навечер е во ред.
Алберта, Канада: Останете седнати на мотоциклот
-Не смеете да станете додека возите во Алберта без разлика колку и да ви треба да се истегнете. Не знаеме само дали ова се однесува и на оф роуд возењето.
Тајланд: Забранети се модификации
-Во Тајланд се забранети дури и најмалите промени на мотоциклот.
Тајланд: Забранети се мостови и тунели
- Во Тајланд е забрането да возите со мотоциклот преку мост или низ тунел.
Тајланд: Само по левата лента
-Уште еден чуден закон ни доаѓа од Тајланд. Мотоциклистите мораат секогаш да возат по левата страна.
Шпанија: Забрането е разговарање
-Не ја знаеме точната причина за оваа забрана но претпоставуваме дека има врска со забраната за користење на мобилни телефони додека возите.
Некои држави во Индија: Кацига само за возачот
-Во некои држави во Индија, само возачот на мотоциклот мора да носи кацига.
Сиднеј, Австралија: Платете доколку доживеете сообраќајна несреќа
-Доколку ви се случи сообраќајна несреќа во Австралија, без разлика на брзината или на условите на патот, ќе заработите казна од 425 долари поради невнимателно возење.