Занимливости

Што да не му купувате на мотоциклист за Божиќ

Сите сме добиле по некој подарок поврзан со мотоциклите од нашите родини кој ни покажува дека тие незнаат ништо за нив. Секако дека ќе се насмеете и ќе се заблагодарите за подарокот, но потајно во себе веќе правите планови како да се ослободите од него.

Следете нè на:

 

Сите сме добиле по некој подарок поврзан со мотоциклите од нашите родини кој ни покажува дека тие незнаат ништо за нив. Секако дека ќе се насмеете и ќе се заблагодарите за подарокот, но потајно во себе веќе правите планови како да се ослободите од него.

Santa

Мотоциклистички влечки

Знаете на кои мислам, оние кои се толку големи што личат на топка за кошарка. Можеби држат топло, но затоа пак имаме парно и само прашање на време е кога нашето куче ќе ги забележи и ќе ги искине.

Голема книга со сите мотоцикли

Ако сакате да им купите книга, обидете се да дознаете какви мотоцикли сакаат. Големи се шансите дека ќе ги заинтересира книгата бидејќи секогаш има нови работи што може да се дознаат за нашиот омилен мотоцикл. Книга која ги содржи сите мотоцикли веднаш ќе се најде на полицата и многу ретко ќе се отвори.

Алат

Ова можеби ви личи на добар поклон, но ако квалитетот на алатот е лош, тогаш само ќе направи поголема штета. Знаете како велат, колку ќе платиш, толку ќе добиеш.

CD со мото видеа

Во ерата на интернетот, овие работи веќе се непотребни. Без разлика колку видеа ќе има на него, веќе сигурно ги имаме видено. Бесплатно. Покрај тоа, гледањето видеа од други возачи како паѓаат воопшто не е интересна работа.

Мотоциклистичка облека

Ова е добра идеја ако знаете што точно да купите. Но ако не сте сигурни што точно да купите, тогаш големи се шансите да одберете нешто погрешно. Ако знаете отприлика што ги интересира, тогаш ваучер за поклон е одлична идеја.

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.