Специјалниот оддел на Lego задолжен за изработка на ултра детални подвижни макети, овој пат се надмина себеси со изработка на функционален менувач кај моделот BMW M 1000 RR! 

bmw lego

Некој среќлија ќе се израдува за оваа нова година доколку го резервира најновиот модел на супер спортскиот BMW M 1000 RR за само 230-300 долари (зависи од каде порачувате)! ОК, се разбира дека нема да можете вистински да го возите (освен оние со вешти прсти), ама тоа не значи дека не купувате функционален модел! Менувачот навистина менува и тоа дури 3 брзини (+ лер!), суспензијата навистина работи, ланецот навистина го движи преносниот систем...дури и моторот содрши подвижни 4 цилиндри! Исто како кај оргиналот, да. 

Размерот на макетата е 1:5 што во превод значи должина од 45cm, што го прави убав украс за бирото од Вашата канцеларија, или на полицата во спалната како потсетник за понежната половина дека сте сеуште она исто палаво дете кое го запознала пред X години! 

“Не можам сега имам многу работа” ќе биде честа изјава додека го склопувате моделот од неговите ситни 1920 делови. А и што друго попаменто би правеле во зимските денови зачинети со пандемија?

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.