BMW објави дека планира да понуди мотоцикл кој на себе ќе има сигурносно копче кое автоматски ќе се вклучи во случај на незгода.

„Intelligent Emergency Call“ системот ќе има интегриран eCal систем кој веќе го има кај автомобилите BMW од 1999 година.

Според компанијата, во случај на несреќа, системот ќе ги испрати координатите од местото каде што се случила несреќата директно во корисничкиот центар на BMW. Системот ќе може да се вклучи автоматски или мануелно.

bmw2

Системот ќе биде опремен со сензори кои сами ќе проценат дали се случила голема несреќа. Во тој случај, системот автоматски се активира и доколку возачот не одговори на повиците од корисничкиот центар, веднаш ќе се испрати екипа за помош.

Доколку системот одлучи дека незгодата не е голема, тогаш тој ќе почека 25 секунди пред да го активира алармот. За тоа време возачот ќе може да го запре повикот доколку смета дека незгодата не е многу голема.

Исто така, возачот сам ќе може да го активира алармот со притискање на копчето кое се наоѓа на десната рачка. Во тој случај, а за да се осигура дека копчето не е притиснато случајно, возачот ќе мора да разговара со корисничкиот центар преку мобилната мрежа која е интегрирана во мотоциклот. Возачот ќе може да го прекине повикот доколку го изгаси моторот.

bmw3

Според BMW, системот сам може да разликува ситуации и да знае кога нешто е итно. Звучникот и микрофонот на системот исто така се сместени на десната рачка.  SOS копчето има дополнителна заштита за да не може случајно да се притисне.

Од BMW тврдат дека системот со помош на страничните сензори ќе може да детектира дури и судар со друго возило или пак удар во некоја пречка. Според најавите системот ќе биде достапен само во Европа, но сеуште не е позната цената.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.