Yamaha официјално потврди дека Алекс Ловс ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната 2019.

Yamaha официјално потврди дека Алекс Ловс ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната 2019 од WSBK шампионатот.

Иако уште од летото имаше шпекулации дека Британскиот возач ќе го напушти тимот, Јапонскиот производител и официјално соопшти дека тој повеќе нема да биде дел од нивната екипа.

Ловс се приклучи на проектот на Yamaha на стартот на 2016 година а исто така беше дел и од победничката екипа на Yamaha која настапи на трката Suzuka 8 Hours.

Alex Lows txt 30 09

„Сакам да му се заблагодарам на Алекс не само за успехот кој заедно го постигнавме во WorldSBK и Сузука туку и за посветеноста која ја имаше кон овој проект“, изјави Ерик де Сејнес, главен на Yamaha Motor Europe. „Ова беше тешка одлука но се надеваме дека тој и во иднина ќе остане дел од семејството на Yamaha.“

„Знаевме дека постои ризик. За жал тој ризик се оствари и Алекс во иднина нема да биде дел од Yamaha.  Беше задоволство да се работи со него во изминативе четири години и сакам во мое име но и во името на тимот да му посакам успех во иднина.“

Во моментов најголеми шанси да му стане нов колега на Мајкл ван дер Марк во сезоната 2020 има Торпак Разгатлиоглу кој не се снајде најдобро во Kawasaki. Во меѓувреме, има најави дека Ловс ќе замине во спротивен правец и ќе го преземе неговото место во фабричкиот тим на Kawasaki.

Back To Top