WSBK

Ист трилинг, уште еден трилер во Португалија!

Неверојатна е брзината, желбата и посветеноста на најбрзите тројца на секоја досегашна трка во овогодинешниот шампионат на суперспортските мотори WSBK!

Пред да продолжиме со репортажата на последниот викенд во WSBK, да го објасниме малку подобро форматот на тркачкиот викенд, затоа што најчеста причина за незаинтересираност за било кој спорт се најаснотиите околу правилата кои го оддалечуваат обичниот гледач и ја оставаат категоријата на најзагрижените фанатици.

07015 DCP R2 Ambience

Не дека нешто посебно агитираме за WSBK, затоа што ниту некој не плаќа за да се ангажираме за оваа категорија, ниту ни е фаворит во однос на MotoGP. Едноставно нивото на тркање е на едно врвно ниво, а тука е и сличноста со цивилните верзии на мотоциклите кои ги гледаме се поретко на патиштата. Секако и фактот што во MotoGP се претера со аеродинамиката која почна да им пречи на натпреварувачите да се...натпреваруваат. Од друга страна класата Ендуро почна полека да ги асимилира суперспортските мотори, делумно заради практичноста, удобноста, безбедноста и повеќе наменското користење, како и заради моќноста и брзината која ја нудат и затоа сме сведоци на класата која станува егзотика на патиштата. Ве потсетува на паралелата кај автомобилите и доминацијата на SUV класата? 

Сепак суперспортските мотоцикли се сèуште тука за да измамуваат воздишки со дизајнот, брзината и неизбежната карактеристика, звукот! Прототип моторите кај MotoGP се сè само не привлечни во поглед на звукот, секако заради наменски дизајнираните чуда од мотори кои знаат да “завиваат” со некоја необична какофонија.

WSBK тркачки викенд формат!

Заради обемноста ќе се задржиме само на најмоќната класа.

Петок е ден наменет за тренинзи каде што се бара совршеното прилагодување на параметрите на мотоциклите, воедно се пробуваат и пневматиците во однос на подлогата на патеката. Се возат 2 сесии по 45 минути. Нема ништо невообичаено тука. 

10:30-11:15 – WorldSBK Free Practice 1

15:00-15:45 – WorldSBK Free Practice 2

Сабота е денот за последната тренинг сесија пред квалификациите, која е најважна заради условите на патеката на само час и половина пред Superpole – квалификацијата. Квалификацијата е 15 минутно лудило во кое возат сите тркачи, борејќи се за подобра позиција за старт на првата трка која се вози во истиот ден. Бодувањето на оваа трка 1 како и на трката 2 се по состемот кој е вообичаен во мотокатегориите односно со бодови од 25/20/16/13/11/10/9/8/7/6/5/4/3/2/1 за првите 15-мина.

09:00-09:30 – WorldSBK Free Practice 3

11:10-11:25 – WorldSBK Superpole

14:00 – WorldSBK Race 1 (21 круга)

Недела е денот во кој покрај втората трка, има и Superpole трка која е за скоро половина скратена по бројот на кругови во однос на двете класичните трки и која го одредува поредокот за старт на втората трка. Воедно во Superpole трката се стартува според редоследот на Superpole квалификациите, но она што и дава сериозен карактер е бодувањето кое е 12/9/7/6/5/4/3/2/1 за првите 9 возачи. Воедно ова и дава и тежина на трка, а не само на уште една тренинг сесија затоа што може да донесе клучни бодови.

09:00-09:15 – WorldSBK Warm Up

11:00 – WorldSBK Superpole Race (10 круга)

14:00 – WorldSBK Race 2 (21 круга)

Веруваме дека сега е малку појасно и дека ќе можете полесно да ги следите WSBK викендите.

Да се вратиме на трките!

Викендот започна со високото темпо кое го диктираше актуелниот шампион Toprak Razgatlioglu од самиот старт. Јасна е намерата и мотивот на Турчинот кој, до викендов немаше освоено ниту една победа во оваа сезона, додека Rea и Bautista полека го градеа темпото.

Стартниот поредок на крај од Superpole квалификациите на крајот покажа уште еднаш колку е тесна разликата меѓу најдобрите со заостанувањњето на Toprak (Pata Yamaha with Brixx WorldSBK) од 91 илјадитинка во однос на првопласираниот Rea (Kawasaki Racing Team WorldSBK). Alvaro (Aruba.it Racing – Ducati) (нормално) го заокружи првиот ред, со што уште еднаш не му дозволија пристап на некој четврт во првиот ред. Овие тројца се како претплатени за најдобрите места на стартот. Иако беше слично и минатата година со Redding на местото на Bautista, сепак Шпанецот, барем засега, постигнува подобри резултати од Британецот. Можеби разликата е во тежината (1.85m-78kg / 1.69m-60kg), а можеби е некаде на друго место. Ќе видиме на крај од сезоната. Кога сме кај Redding да го пофалиме со најдобрата 4-та стартна позиција во оваа сезона, со само 16 илјадите дела од секундата зад човекот кој го замени во Ducati! Инаку Scott возеше со специјална Vintage São Paulo жолта боја на моторот и црна на комбенизонот во чест на 50 годишнина на BMW М девизијата, која полека се имплементираше и на гамата мотоцикли кои ги нуди германскиот производител.

21st may 2022 estoril por fim superbike world championship bmw motorrad

Дополнителните тест денови кои, во склоп на правилата, ги користеше BMW меѓу тркачките викенди им донесоа подобри резултати, но за жал пехот на Van Der Mark на петочните тренинзи ги остави без комплетна постава, а со тоа и без куп потенцијални бодови. Холанѓанецот едвај се врати од претходната повреда и успеа некако да ја извози домашната трка, но по само круг и пол во овој петок, имаше пад кој заврши со нова повреда. Скршеницата на вратот на бутната коска од десната нога е новата повреда која е веќе санирана по итната операција.

Првата трка стартуваше со одвојување на првите двајца кои добија бафер простор благодарение на тимскиот колега на шампионот Toprak, Andrea Locatelli, кој успеа да го искористи слабото темпо на Bautista, кој бараше време за да го “разбуди” своето Panigale со полн “мев”, на почетокот на трката. Кога конечно се ослободи од талентираниот Италијан, Alvaro полека и вредно вртеше брзи кругови, додека напред на 3-4 секунди пред него се одвиваше добро познатата борба меѓу ланските спаринг партнери. Додека Kawasaki-то на Rea се чини како покомплетен мотор во моментов, Турчинот иако даваше сè од себе, често мораше да оди преку границите на можностите на својот R “кец”. Секако дека борбата со многу измени на лидерската позиција меѓу Британецот и Турчинот иамше за последица истрошување на пневматиците и полека паѓаа во рацете на Шпанецот. Една грешка и широк влез во свиок на Rea заврши со губење на позицијата, а со тоа и губење на борбата за победа. Alvaro сега како второпласиран се даде во потера по првото место, но никако не можеше да најде простор за претекнување на одлучниот Toprak. Кога се чинеше дека Турчинот конечно ќе го прекине постот, во послениот свиок од последниот круг, Шпанецот излезе со поголема брзина и ја искористи целата брзина на неговото Ducati и му ја украде победата со предност од 0.126s! Разочарување за Yamaha и Razgatlioglu, еуфорија кај Ducati и Alvaro. Rea можеше само да си ги “лиже раните” и да чека подобра можност.

Superpole трката започна како уште една можност за реванш на Toprak. Условите на патеката беа променливи, со една сува тркачка линија и влажни тротоари, а борбата уште побезмилосна заради двојно пократкото време кое го имаат натпреварувачите. И повторно напред Rea и Toprak ги менуваа позициите на граници на дозволеното. Без пардон... 

Навистина ни станува непријатно овој опис на скоро секоја трка кој делува како едно Дежа ву во кое авторот на текстов изгубил креативност, но верувајте дека само ја пренесуваме ситуацијата од асфалтот, која има вообичаен тек на поредокот на врвот, но никако и вообичаен тек на настаните. 

И кога повторно се чинеше дека Toprak е на чекор од победата по еден груб напад на Турчинот во првиот свиок на крајот од целната рамнина во претпоследниот круг, работите се сменија за момент, кога во шиканата во претполседниот сет свиоци пред стартно целната рамнина, Toprak за малку не испадна од трка кога по едно пролизгување успеа да се задржи и да се оттурне од подлогата. Дефинитивно како во стилот на Marquez.

Rea сепак успеа да си ја поврати победата со предност од 0.174s пред Toprak, а Bautista беше предалеку за да профитира од сето тоа и мораше да се задоволи со третата позиција. Карактеристиките на неговиот мотор повеќе одговараат за подолгата класична трка.

Втората трка стартуваше по редоследот според резултатите од Superpole трката, и ако во претходните трки Турчинот успеваше да се бори со двајцата противници до самиот крај, сега му остана да ги следи најбрзите двајца од третата позиција, откако темпото кое го поставија беше превисоко за него иако на моменти водеше. А напред се чинеше дека ќе гледаме реприза на првата трка кога моќта на Panigale беше евидентна на долгиот правец, но сепак полесната за маневрирање Ninja победи заедно со фокусираниот и искусен Северно Ирец кој успешно се справи со променливите услови. Веројатно на патека како Монца победникот би бил однапред познат, но оваа патека со многу долги и кратки свиоци ни овозможи одлична трка во која до израз дојдоа секако возачките способности на најдобрите, но и различните концепти на моторите.

Инаку покрај Redding, од останатите вреди да се спомене и Iker Lecuona кој успева да понуди одлични епизоди со својата Honda. Вреди да се следи овој возач.

Поредокот на табелата кај возачите, по Estoril изгледа вака:

Односно вака кај конструкторите:

Ако и по овој викенд сепак не сакате да погледнете барем една трка од WSBK, тогаш веројатно нешто навистина не е во ред со денешниот свет! ☺

Би можело да ве интересира

Со воведување на CE 04, електричниот макси скутер, на почетокот на оваа година BMW јасно стави до знаење дека во блиска идиниа може да очекуваме многу повеќе од германците во овој сегмент. 

Почитувани љубители на мотоциклистичката култура,

Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија - Скопје.

Трките беа далеку од досадни и неинтересни во трите класи, во кои жештината и конфигурација на патеката, прописно ги истоштија натреварувачите.

Кој каде ќе оди во следната сезона на MotoGP, и зошто. 

Иако викендов во Мизано ја видовме првата победа на актуелниот шампион, сепак титулата е далеку од одбранета.

Од оваа недела CFMoto станува достапен на три нови локации во државата. 

Листа на мото настани

Чопер клуб го најави Run to the Sun 2022.

  • 24 Јуни 2022 - 25 Јуни 2022
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Дводневен мото фестивал во организација на МК Тиквеш Рајдерс од Кавадарци.

  • 17 Јуни 2022 - 18 Јуни 2022
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.