WSBK

WSBK: Неприкосновениот Џонатан Реа

Во премиерната класа од Светскиот Супербајк Шампионат, Џонатан Реа не само што ја освои само првата титула во 2015 година, тој буквално доминираше во текот на целата сезона. Тој влезе во историјата на неколку начини, но најпрепознатливо е по тоа што стана првиот победник кој потекнува од Северна Ирска и првиот кој им ја донесе шампионската титула на Kawaski во делот на конструктори.

Следете нè на:

 

Кој е Џонатан Реа?

Тој е роден во Балимена, Северна Ирска, пред 28 години. Негова прва целосна сезона во Светскиот Супербајк Шампионат беше во 2009 година. Од тогаш па се до 2014 година тој постигна 14 победи. Сезоната 2015 беше нешто сосема различно. 14-те остварени победи само во една сезона ја покажуваат неговата доминација. Ова му беше прва сезона со Kawasaki Ninja ZX-10R. Претходно, седум сезони возеше во Honda.

Како ја освои титулата во 2015 година?

Со неверојатна експлозија на талент и со возење на највисоко ниво. Во првите шеснаесет трки, тој завршуваше на прво или второ место. На подиумот не се најде само на три трки. Два пати заврши на четвртото место во Херез, можеби звучи иронично но таму ја освои титулата, и на последната трка во Катар каде што имаше проблем со моторот.  Разликата што ја направи со второпласираниот изнесуваше неверојатни 132 поени.

johnatan rea 15 1Џонатан Реа

Што ќе прави следната година?

Ако не е расипано, не го поправај. Реа ќе продолжи да вози за истиот тим, опкружен со професионалците од Principal Guim Roda и Chief Pere Riba: два одлучувачки фактори за успехот што го постигна во 2015 година. Целта на Реа е да биде првиот возач кој успеал да ја одбранил титулата во новиот милениум (последниот на кој му успеа тоа беше неговиот британски сонароднк, Карл Фогерти во 1998 и 1999 година.)

Дали знаевте?

Надвор од патеката, Реа е фамилијарен човек. Целата негова кариера како возач е поттикната од неговиот татко, Џони, кој беше докажан возач и победник на Isle of Man TT. Оженет за Татиа која е порасната на Филип Ајленд, двајцата се горди родители на Џејк и Тајлер. Всушност Реа го пропушти првиот тест со новиот мотоцикл на патеката во Арагон бидејќи присуствуваше на раѓањето на неговиот син Тајлер.  И покрај тоа, тој успеа да постигне најдобро извозено време на последниот собир во Херез.

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.