Тимот на „Crescent Suzuki“ објави дека Јуџин Лаверти, човекот кој имаше прилика да му ја одземе титулата на Том Сајкс, од следната сезона ќе ја замени својата Априлија за Сузуки.

laverty-istanbul

Тимот на „Crescent Suzuki“ објави дека Јуџин Лаверти, човекот кој имаше прилика да му ја одземе титулата на Том Сајкс, од следната сезона ќе ја замени својата Априлија за Сузуки.

Сузуки прави сериозни вложувања за враќање во врвот на мото спортот. Освен најавата за враќање во МотоГП, тимот вложува и во Супербајк шампионатот, па така следната сезона ќе се обиде да ја освои титулата со помош на Јуџин Лаверти.

27 годишниот Ирец веќе е член на тимот на Сузуки и тестовите закажани за 25-26 ноември ќе ги изврши со новиот GSX-R. Првото официјално претставување во јавноста како возач на Сузуки ќе го има во Бирмингем на 23-ти ноември на саемот „Motorcycle Live 2013“.

Да потсетиме, Лаверти забележа фантастични девет победи сезонава во Супербајк шампионатот, и на крајот беше единствен ривал на Том Сајкс за титулата, но возачот на Кавасаки едноставно беше незапирлив. Лаверти има искуство во Британскиот Супербајк шампионат, возеше во MotoGP шампионатот во класата до 250цц, а успешни настапи има и во Суперспорт шампионатот.

Среќен сум што се приклучувам на Crescent Suzuki за 2014 година. Сеуште не сум возел GSX-R1000, но кон крајот на месецов ќе имам прилика да го пробам и ќе знам колкав ни е потенцијалот. Би сакал да му се заблагодарам на Пол Денинг, и секако на Сузуки кои навистина се потрудија да се оствари овој договор, и пред се благодарност бидејќи веруваат во мене. Ќе сторам се што можам да останам на победничките подиуми, и да го искачам Сузуки на врвот!- изјави Лаверти
Back To Top